Search for content, post, videos

Алергиите на храна се почести кај децата од градовите

Децата кои растат во градовите почесто страдаат од разни алергии на храна отколку нивните врсници од руралните области. Научниците од Универзитетот Нортвестерн во Чикаго ги анализирале податоците за повеќе од 38.000 деца од разни делови на САД. Се покажало дека алергиите на храна се присутни кај 9,8% деца кои живеат во градовите, како а кај 6,2% деца кои живеат во руралните делови на земјата. кај децата во градовите е забележан просечно двојно поголем ризик за алергии на кикирики и школки. Сепак, зачестеноста на потешките облици на алергии на храна била иста во сите проучувани географски подрачја. Во истражувањето било утврдено дека скоро 40% од децата алергични на храна имале животно опасна алергиска реакција.