Search for content, post, videos

Користа од чоколадото во бременоста

Секојдневното конзумирање мали количини чоколадо во бременоста има позитивно влијание врз функцијата на плацентата и крвотокот на фетусот, објавија канадските научници. Истражувачите од Универзитетот “Лава” велат

дека малку чоколадо им помага и на идните мајки бидејќи го редуцира ризикот за прееклампсија, опасно нагло покачување на притисокот во бременоста.

Во текот на истражувањето, конзумирањето чоколадо било следено кај 130 испитанички кои на почетокот на набљудуваниот период биле меѓу 11 и 14 недела од бременоста. Тие биле замолени секојдневно во текот на четири месеци да јадат само по 30гр чоколадо дневно. Бројни претходни истражувања го поврзуваа умереното конзумирање чоколадо со позитивното влијание врз некои аспекти од здравјето на кардиоваскуларниот систем.