Search for content, post, videos

Марципан колачиња со брусница

Подготовка:
Сувите брусници потопете ги во рум и оставете ги да отстојат околу два часа, а потоа исцедете ги. Готовата смеса од марципан поделете ја на 20 топчиња. Во секое топче ставете по една брусница , а на врвот ставете по една јатка орев. Малку притиснете ги со дланката за да ги споите убаво со смесата. Чоколадото растопете го на пареа, па додајте го маслото. Секое колаче прелијте го со чоколадо, одозгора украсете го со малку мелени ореви.

 

Потребно:
150гр. готова смеса марципан
20 суви брусници
100 мл рум
20 јатки ореви
3 лажици мелени ореви
200гр темно чоколадо
2 лажици масло