Search for content, post, videos

Маски за инстант сјај на лицето

Кога некој ќе ве повика на венчавка, забава, роденден или слично случување, вие веднаш почнувате да размислувате за тоа што би можеле да облечете, како да се нашминкате и слично. Многу жени дури посетуваат и салони за што повеќе да заблескаат на тој ден. А ако сакате убав, инстант сјај на лицето, не мора да трчате на козметичар, туку можете да испробате некои домашни маски….

1. Маска од банана
Маската од банана има многу предности за кожата. Таа ја лупи кожата, ја хидрира, го смирува воспалението, се бори против акните, изгорениците и стареењето. Можете да го масирате лицето со пире од банани или да додадете уште неколку состојки за да направите маска од банана. Изгмечете една зрела банана, додајте 1-2 капки маслиново масло и мала лажичка какао путер. Убаво измешајте. Исчистете го лицето со млеко за лице, па исплакнете со млака вода и дури потоа нанесете ја маската. Оставете да стои 15-20 минути. На крај исплакнете со студена вода и нанесете крем за лице.

2. Маска од краставици
Имате акни? Само подгответе си ја оваа маска и можете мирно и со гордо крената глава да излезете по само половина час. Испасирајте една мала краставица, додајте неколку капки сок од лимон, малку млеко и убаво измешајте. Измијте го лицето, па нанесете ја маската. Измасирајте го лицето со неа, па оставете ја да се исуши. По 20тина минути исплакнете со студена вода.

3. Маска од папаја
Маската за лице од папаја е исклучително добра и препорачлива за третирање на кожата. Изгмечете една зрела папаја и додајте неколку капки млеко и сок од лимон. Нанесете на лицето и масирајте 1 минута. Папајата ја хидрира кожата и ги отстранува мртвите клетки од горниот слој на кожата.

 

4. Маслиново масло за масажа
Ако имате сува кожа и сакате да изгледа совршено пред да ја нанесете шминката, обидете се со оваа масажа. Маслиновото масло ќе ви помогне да добиете истант сјај на лицето. Доволно е само да го масирате лицето со маслото неколку минути. Потоа исплакнете со млака вода и благо средство за миење лице.