Search for content, post, videos

Мистичната сила на КРСНИОТ ЗНАК

ИСТРАЖУВАЊАТА СПРОВЕДЕНИ ВО ЛАБОРАТОРИЈАТА НА МЕДИЦИНСКО
БИОЛОШКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ NII ЗА ИНДУСТРИСКА И МОРСКА МЕДИЦИНА,
СТАНАЛЕ ВИСТИНСКА СЕНЗАЦИЈА. НАУЧНИЦИТЕ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ДОКАЖАЛЕ
ДЕКА КРСНИОТ ЗНАК ГИ УБИВА МИКРОБИТЕ И ГИ МЕНУВА ОПТИЧКИТЕ ОСОБИНИ
НА ВОДАТА.“Потврдивме дека древниот обичај, храната и пијалакот да се крстат пред јадење, има длабок
мистичен смисол”, вели физичарката Ангелина Малаховска. “Зад тоа се крие практичната корист:
храната се очистува буквално во миг. Тоа е големо чудо кое се случува буквално секој ден”.
Своите истражувања за силата на крсниот знак Ангелина Малаховска ги спроведувала скоро 10 години.
Спроведена е голема серија експерименти, кои повеќе пати се проверени пред да бидат објавени нивните резултати.
Тие се феноменални: откриени се единствените бактериолошки својства кои водата ги поседува по осветувањето со молитва и со крсниот знак. Откриена е нова, претходно непозната особина на Божјата реч да ја преобразува структурата на водата, значајно зголемувајќи ја нејзината оптичка густина во кратката или ултравиолетовата област.
За Ангелина Малаховска и нејзините колеги, самата можност на тие истражувања постанала чудо: тие не биле финансирани, ниту претставувале предмет на истражување на NII. Но најголемиот дел од работата научниците ги направиле бесплатно – само затоа за да на луѓето им пружат можност да ја почувствуваат и увидат исцелителната Божја сила.
Научниците го провериле дејството на молитвата “Оче наш“ и на крсниот знак врз патогените бактерии. Заради истражувањата, земени се примероци вода од разни места: бунари, реки, езера. Сите примероци содржеле златна стафилокока и уште еден вид секогаш присутна бактерија. Се покажало дека по прочитаната молитва “Оче наш“ и осенувањето на примерокот со крсниот знак, таа количина штетни бактерии се намалувала за 7,10, 100 па дури и 1000 пати!
Според условот на експериментот – заради влијанието на можно сматување – молитвата ја читале и оние кои веруваат и оние кои не веруваат; покрај се, бројот на патогените бактерии во разни средини (со разни видови бактерии) се намалувал во споредба со контролните вредности. Исто така, воочливо е и благотворното влијание на молитвата и крсниот знак врз човекот: кај сите испитаници се стабилизирал крвниот притисок и се подобрени резултатите на анализата на крвта. Восхитувачки е фактот дека показателите се менувале во точно потребниот правец за исцелување: крвниот притисок кај хипотониците се зголемувал, а кај хипертониците се намалувал.
Исто така е забележано дека доколку човекот невнимателно се осенувал со крсниот знак, невнимателно спојувајќи ги трите прста или недопирајќи ги неопходните точки на телото (средината на челото, централниот дел над желудникот т.е. solar plexus, како и вдлабнатините на десното и левото рамо), тогаш позитивниот резултат на дејството бил многу понизок или воопшто го немало.

Научниците ја измериле оптичката густина на водата; се покажало дека оптичката густина на водата, во споредба со нејзината нормална вредност, по нејзиното осенување со крсниот знак и осветувањето, се зголемила – објаснува Ангелина Малаховска. Тоа значи дека водата како да ја “РАЗЛИКУВА” смислата на изговорените молитви над неа, го “памети” тоа влијание и го чува
одредено време, што се гледа по зголемената оптичка густина. Таа како да се “напојува” со светлина. Природно, човековото око не може да ги забележи тие исцелителски промени на структурата на водата – спектографот дава објективна оценка на таа појава.
Крсниот знак ја менува оптичката густина на водата практично во миг. Осветена со осенување со крсниот знак од страна на обичен верник, оптичката густина на водата се зголемува скоро за 1,5 пати, а кога тоа ќе го направи свештеник – скоро за 2,5 пати! Со тоа се заклучува дека водата го “разликува” степенот на осветување од страна на мирјанин или свештеник, чии прсти на десната рака се склопени заради благослов, така што ги изобразуваат првите букви од Христовото име.
Интересен е и резултатот на осветување на водата од страна на крстен човек, но кој не верува. Се покажало дека водата го “разликува” дури и степенот на верата – нејзината оптичка густина се изменила само за 10%!
И навистина се потврдуваат зборовите: “Според верата ваша – нека ви биде”!
Бидејќи човечкиот организам се состои нешто повеќе од две третини вода, тоа значи дека (при создавањето) Бог во нас вградил таков систем од физички канали, кој ги регулира сите биохемиски процеси во организмот и кој јасно го “препознава” името на Исус Христос.
Може да се каже дека крсниот знак е генератор на светлината. Оптичката густина на водата не се променила (зголемила) ниту при една друга положба на прстите од раката, или при невнимателно спојување на прстите, или при брзо мавтање на раката без стравопочит.