Search for content, post, videos

Митот за храброста

Само храбрите стигнуваат до врвот, само тие стануваат успешни во животот. Но, дали е само тоа доволно? Јас мислев дека за да биде човек храбар треба да има рамо до себе- за утеха, дланка која ќе не крене- кога ќе паднеме и усни кои ќе не бодрат- да не се откажеме. Но сум згрешила…

… Во најголемата брканица во животот требаше да и погледнам на храброста в очи и толку очајно ги барав пријателите, но нив ги немаше да стојат до мене. Стравот ме толчеше, го изгубив својот центар, не знаев од каде треба да тргнам и на каде да одам. И токму тогаш паднав, на најдлабокото дно. Тогаш, со силен и убедлив глас, некој ми рече: “Целта се постигнува само ако се бориш за неа. А за да се бориш, не мора да го избркаш стравот од себе, туку да се соочиш со него и да разбереш дека нешто друго е поважно од тој страв. И запомни, ништо не може да те победи, додека ти не решиш да се откажеш…” Уште пред да го кренам погледот, по спокојот во срцето, знаев дека е таа- храброста. И тогаш научив дека никој нема да ми помогне ако не го сторам тоа самата.

 

 

Само времето се бореше за мене, но не и луѓето… тие можат да бидат само бледа копија на оригиналот кој се наоѓа длабоко во секој од нас.

 

Надица Пушкоска