Search for content, post, videos

Митот за надежта

Секој човек, кога ќе изгуби дел од себе, се прилагодува да живее без него и се бори да опстане, а продолжува да се бори затоа што се надева на подобри денови… Тоа е суштината на животот. Но, не знаев дали е таа чувство или пак дел животот, сакав да ја видам, бидејќи никогаш неможев да ја слушнам. Таа имаше најтивок глас за кој требаше длабока тишина за да се слушне…

… “Не спуштајте ја главата долу, Чекорете самоуверено и не заборавајте на надежта. Запомнете, се ќе си дојде на свое место”- пишуваше на полураспадната табла под која стоеја луѓето, кои требаше да се надеваат дека нема да им се урне врз глава. Тоа, всушност и ја држеше таблата исправена- длабоката надеж во нештата. Луѓето во рацете држеа бескрајна палета од бои и секој го боеше своето платно на животот. Само оние кои сликаа со поведри бои, имаа насмевка на лицето, без оглед на се. Тогаш јас посегнав по розевата, бидејќи, длабоко во срцето, знаев дека насмевките во жовотот доаѓаат после солзите и се надевам дека овој пат ќе траат подолго… Надевајте се и вие на подобри денови бидејќи тие се награда за надежта која не се предава.

Надица Пушкоска