Search for content, post, videos

Моја Комплетна Инспирацијо

 

 

Најубава инспирација, огледало на сите мечти во сонот на реалноста. Најубави мигови исполнети со верување на бесконечното каде љубовта завршува единствено таму каде што и започнува.

Муграта на постоењето не тера секогаш далеку, понекогаш неверојатно далеку, дури и од себеси, но полни со благосостојба и мир. Додека ти си најубава, ние сме уште поубави, дури и од себеси, бидејќи стоиме покрај тебе. Најубава си како сон, ти си нашиот копнеж, нашето верување дека нема поубав поглед кон светот. Најубава инспирацијо, ти стоиш како храм пред моите очи и јас посакувам да бидам твоја копија- свој оригинал. Најубава си како виножито, ти умееш да  го наочиш светот кон својот правец и да бидеш на врвот на животот, испишана на ликот од бескрајната убавина. Очите ми пеат тивко, нека останат разбудени спомените, нека заспијат вечно погледите од завист. Полето беше пусто, а надежта изгубена, утрото беше осамено, небото заспано, а среќата скршена. Но, во матниот простор ти донесе тивка светлина, нежно зборувајќи за нешто што веќе го нема, а сепак е тука.

И останувам тука додека шепотам, а потоа заминувам. Не барам ништо друго, само далечен поглед и сладок насмев, само твоите искрени очи. Нивноит сјај нека ми даде бесмртност, за да не може да ме убие ништо во наредните времиња кога ќе се вратам…

 

Надица Пушкоска