Search for content, post, videos

Моќниот цимет

Циметот е еден од најстарите познати зачини, кој се споменува уште 2800 години пред Исус Христос во Библијата и во ракописите на санскриптите, а првата забелешка за циметот доаѓа од стара Кина. Слатката миродија со фин мирис се добива од малото зимзелено дрво налик на ловорот. Самиот зачин е неговата  кора, излупена од тенките гранчиња. Надворешната кора на дрвотто се лупи и фрла, а внатрешната се виктка во стапчиња со размер околу 2,5 см. На пазарите овој зачин го наоѓаме како мелен цимет во прав или во стапчиња од цимет. Има околу двестотини и пеесет видови, но главни се два вида на цимет и тоа: цејлонски цимет од Цејлон и касија цимет кој потекнува од Бурма. Касија е видот кој го има и кај нас, кој е со остра и пецкава арома и силен мирис. Се смета дека вистинскиот цимет е оној цејлонскиот, кој е со посвветла боја, необично сладок со нежна, топла и убава арома, со изразен мирис. Попотекло е од Шри Ланка, иако денес се одгледува во повеќето топли и влажни тропски краеви како Цејлон, Индонезија и Индија. За лек се употребува само кората, а останатите делови како зачин. Плодовите од циметот не се јадат, од нив се истиснува восокот за миризливи свеќи. Од листовите кои се користат како зачин во јадењата, се вади маслото од кое се прави циметова вода и тинктура.

Од историјата на циметот… Во дрвениот Египет циметот се користел како лек, арома во пијалоците и за балзамирање на телата, а бил поскап и повреден и од златото. Во средниот век заедно со ѓумбирот бил основна состојка во кулинарството. Потребите за цимет биле толку големи што се правени бројни истражувачки патувања за пронаоѓање на цимет. Денес се користи во напитоците како што се кафето, топло чоколадо и чај. Поради високата содржина на еугенол и сапол, јаките етерични масла, мирис и вкус, се користи како зачин и арома во бројните намирници. Енергетска и нутритивна вредност…енергетската вредност е многу голема. Во 100 гр. цимет има 261 kcal / 1091 kJ, од тоа 4% протеини, 3,2 % масти и 80% јагленохидрати. Извонреден извор е на диететски влакна, 100 гр. цимет содржи 54 гр. диететски влакна. Од минерали е гоелме извор на манган, железо, калциум, бакар, цинк. Од витамините ги содржи витамините Ц и К, а е одличен извор на пиридоксин и рибофлавини.

Лековитост – надворешната кора на дрвото нема лековити својства, туку само внатрешната кора. Во народната кинеска медицина циметот има репутација на лек за настинка и грип токму поради своуе загревачки способности кои ги има на организмот. Содржи тиамин кој помага кај ревитализацијата на нервите и циркулацијата на крвта. Истражувањата на американските научници откриле дека конзумирање само на пола лажичка цимет дневно, значително го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите, бидејќи неговите активно супстанци комплексот на олигомери го активираат инсулинот и зеднички делуваат. Експериментално е докажано дека циметот го намалува и нивото на масти во крвта и лошиот холестерол . Има фунгицидно дејство, ги уништува паразитите и го спречува нивниот развој. Во циметот има и салицилати кои ја намалуваат телесната температура. Прекрасниот мирис на циметот ја поттикнува работата на мозокот, вниманието, концентрацијата, меморијата и визуелното доживување. Може да се користи како алтернатива за традиционалните конзерванси бидејќи неговите есенцијални масла имаат антимикробно дејство. Неодамнешните истражувања покажуваат дека редовната употреба на циметот го намалува ризикот од појава на Алцхајмеровата болест. Циметот се чува во убаво затворен стаклен сад на ладно, темно и суво место.

Циметот има значајно антиоксидациско дејство, содржи хранливи работи и лековити состојки како што се: растителни влакна, восок, железо, калциум, манган, минерали, танини, белковини, јагленохидрати. До сега врз основа на истражувањата докажано е дека циметот помага кај болексти како: артритис, болести на забите и усната шуплина, болки во желудник, вагинални инфекции, кандида, вируси, гастритис, главоболки, бактериски инфекции, дебелина, кај паѓањето на косата, дијабет, импотенција, исцрпеност и замор,  кај болест на дебелото црево, кожни реакции, лоша циркулација, отворени рани на кожата. Циметот го забрзува дишењето и работата на срцето, а со тоа влијае на зголемувањето на температурата и го забрзува согорувањето на маснотиите. Циметот е антисептик и е убав за испирање на раните на кожата од сеченици и гребаници. Циметот се користи и во козметиката, а гумите за жвакање со цимет се употребуваат против непријатен здив во устата. Циметот е корисен на секој начин како и да се користи, затоа употребувајте цимет.

Силвана Јованчева