Search for content, post, videos

Пречекајте ја есента во бојата на виното…

Пречекајте ја есента во бојата на виното… бојата што воедно жари и смирува, а е и елегантна и предизвикувачка.

Гламурозната темна црвеникаво-виолетовa нијанса ги зема улиците. Ако сте големи обожаватели на виното, природно е оваа нијанса да заземе место во вашата гардероба. Бојата на виното (инаку позната како бургунди или бордо) е една од омилените бои за ова време од годината, бидејќи длабоката, богата боја изгледа одлично на секое парче облека, секој додаток и секој производ за убавина во фиоката за шминка.
Оваа сезона се нудат парчиња во боја на бургунди во сите облици и големини – од луксузни кожни чанти, чевли, топли јакни, пријатни џемпери до елегантни фустани. Направивме избор на најдоброто, па можете да одберете и да го освежите вашиот плакар.

 

MARCHESA NOTTE