Search for content, post, videos

Заштитниот знак на студените денови – ТВИД

Официјално е, твидот се врати. Сето тоа е ново, трендовски… твидот се појавува како вообичаена ткаенина во колекциите на дизајнерите годинава. Повеќе не е ткаенина за ултра-конзервативните, наставниците по географија и облеката за на лов. Зошто се враќаме на ултра традиционалните кодекси за облека во 2017/18 година? Па, дизајнерите секогаш сакаат да извлечат неочекуван, благо анархичен стил , но стил што навестува респектабилност. Ние, исто така сме во технолошка опседната ера и се појавува копнеж за детали од пред-дигиталниот свет. Потсвесно копнеме по аналогниот начин на живот на нашите предци кои уживале во елегантната рачно ткаена мода.

Одберете од понудените парчиња облека во сите комбинации на каро и твид и стилски зачекорете во есента!

Mango