Search for content, post, videos

Најбогатите животни на светот…

Најголемите богаташи во светот понекогаш немаат блиски роднини, па огромното богатство им го оставаат на своите миленичиња. Или, пак, понекогаш не се согласуваат со роднините, па наследници се нивните кучиња, мачки, а понекогаш влетува и некоја кокошка…
Црниот милионер
Томасино е домашен мачор. И тоа не би било чудно доколку токму тој мачор неодамна не станеше неверојатно богат. Тој од својата поранешна сопственичка, Италијанката Марија Асунте наследи огромно богатство. Мачорот во наследство добил 13 милиони долари. Марија му го оставила целото семејно богатство – сметки во банка, акции и неколку вили во Тоскана. За мачорот по смртта на богатата Марија се грижи медицинската сестра Стефанија.
Богаташот кој лае
Сепак, најбогат миленик на светот е германскиот овчар Гунтер ИВ. Тој “тежи” дури 145 милиони долари. А богатството го наследил од неговиот татко, Гунтер ИИИ (да, и тој е куче). А Гунтер ИИИ богат го оставила неговата сопственичка, германската грофица Карлота Либенштајн. Гунтер помладиот поседува и недвижности на Бахамите, во Германија и Италија, а има и своја веб страница. Во 2000 година преку својот агент купи и имот од Мадона.
Најбогатиот мачор
Повлечениот боагаташ Бен Реа, на својот мачор Блеки му остави 25 милиони долари. Блеки во 1988 година е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најбогат мачор во светот.
Најскапите крилца во светот
Откако почината сопругата на тајкунот Мајлс Блеквел, 10 милиони долари заработи кокошката Гиго.
Мајмунска богаташка
Второ место во светот по богатство меѓу миленичињата е шимпанзото Калу, која има 40 милиони фунти на располагање. Кутрото животно било заврзано за дрво кога ја пронашла Ѓерката на грофицата од Кенмор и ја однела на својот имот во Кејптаун во јужна Африка. Но минатата година, сопственичката Патриција О;нил сфатила дека останале без богатство, па така и шимпанзото се лизна од листата најбогати животни.