Search for content, post, videos

Најефтина нега

Повеќето жени, во кои можеби спаѓате и вие, не се свесни колку време и пари трошат на козметички третмани и на скапи препарати за нега кои само собираат прав во некој агол од бањата. Ако минусот на сметката до сега не ве натерал да се откажете од трчањето по парфимериите и козметичките салони, тогаш можеби е време да дознаете како за мали пари да изгледате совршено.

Не ви се потребни вештачки трепки

За трепките да ви изгледаат погусти и подолги, не морате да купувате скапи маскари. Наместо оние кои на трепките им даваат волумен или ги издолжуваат, користете обична, поевтина маскара. Важно е само коренот да го премачкате со прецизни движења лево-десно. Не притискајте ја четкичката за да не ги размачкате капаците на очите.

 

 

Пастата за заби ги отстранува дамките

Ако барем еднаш не сте успеале да го нанесете правилно средството за самопотемнување на кожата и ви останале дамки, веројатно вашата одлука била дека следниот пат тоа ќе го правите само во специјализиран салон. За среќа, дамките многу лесно се отстрануваат со паста за избелување заби која скоро секоја жена ја има во домот. И токму затоа немате потреба да давате големи пари за да го направите тоа во салон, туку самата ќе си го решите проблемот речиси бесплатно.

 

 

Брзо исушете го лакот за нокти

Ако ги лакирате ноктите на брзина, почекајте неколку минути по нанесувањето на последниот слој, а потоа потопете ги во студена вода. Така ќе заштедите барем десетина минути од вашето време, а нема да имате потреба да купувате прескапи брзосушечки лакови.