Search for content, post, videos

Најголемите митови за диетите

 

Сите знаеме по нешто за диетите, но често пати нашите сознанија се погрешни.

1. Со изгладнување до резултати
Навистина погрешен пристап. Ако се изгладнувате, само ќе губите дел од вашата мускулна маса, а тоа ја уништува формата на телото и го осакатува метаболизмот.

2. Јагленохидратите се лоши и треба да се елиминираат
Погрешните видови јаглехидрати, како шеќерот, колачите, овошните сокови и слично, треба да ги исфрлите од исхраната. На телото најмногу му одговара избалансирана диета која се заснова на комбинација од 40% јагленохидрати, 40% протеини и 20% здрави масти.

3. Големата количина протеини ги оштетува бубрезите
Не постои ниту една научна студија која би го потврдила ова, но кај пациентите со проблеми кај бубрезите, забележано е повисоко ниво на протеини во организмот. Средните и високопротеинските диети не им штетат на бубрезите на здравите лица.

4. Најдобро се слабее ако јадете еднаш до два пати дневно
Малиот број оброци предизвикуваат изгладнување, а тоа доведува до осцилација на шеќерот во крвта, ниско ниво на енергија и поспаност.

5. Дебелеењето бара елиминација на сите маснотии
За да функционира правилно телото, потребни му се Омега 3 киселините. Бидејќи нашето тело не може да ги произведе самото, мора да ги конзумираме. На жените им се препорачува по една лажица ленено масло дневно (или оброк во кој е вклучен лосос), а на мажите им се препорачуваат две лажици ленено масло дневно.

6. Најдобрите резултати ги даваат диети до многу јагленохидрати малку масти
Преголемата количина јагленохидрати е проблем (освен ако не трчате маратон), зашто тие се гориво кое, ако не се искористи, останува во организмот како телесни масти. Доколку 20% од калориите не потекнуваат од маснотиите, тешко дека ќе ослабете.

7. Најдобро се слабее ако се конзумираат протеински напитоци
Напитоците на база на протеини се корисни во диета која се состои од шест помали оброци, а препорачаната дневна количина е два, најмногу три напитоци дневно. Не се залжувајте – протеинските напитоци не можат целосно да заменат вистински оброк. И бодибилдерите секогаш нагласуваат колку е важно да се конзумира вистинсака храна за да се постигнат добри и брзи резултати.

8. Премногу вода предизвикува таа да се задржува во телото
Напротив, колку повеќе пиете вода, толку повеќе вода губите и таа не се задржува во организмот. Дневно мора да пиете барем 2л. вода.

9. Кога сте на диета со малку јагленохидрати, можете да јадете се, а да слабеете
Иако со ваквата диета можете да внесете малку повеќе калории без да ги потхранувате мастите во телото (заради термогенскиот ефект на протеините), постојат органичувања на количините калории кои треба да ги внесувате. Кога ќе се прејде тој праг, почнуваат да се таложат маснотиите.

10. Диетата со ниско ниво на јагленохидрати дава побрзи резултати отколку диетата со средно ниво на јагленохидрати
Новите испитувања го оспоруваат ова. Долгорочно, и едната и другата диета даваат резултати, но искуството покажува дека диетата со мало ниво на јагленохидрати се спроведува потешко, а повеќето од оние кои ја држеле, за кратко време ги враќале килограмите, па дури и повеќе од изгубеното. За трајни резултати, најдобар е соодносот 40%-40%-20%.