Search for content, post, videos

Најискрена инспирација

 

 

Најискрена дланка на моето срце, најпозитивна визија на мојата душа, на мечтите кои легнуваат на мојата перница секоја ноќ. Ти си моја најискрена желба и моето исполнување кога се смеам, моја светлина со која зрачам во ноќите кога ми е претешко. Само во тебе верувам, во твојата длабока искреност, само ти не ме повредуваш никогаш, дури и кога ме критикуваш, ти си мојата најсакана визија, бидејќи си најискрена. Оној кој не може да ја поднесе искреноста, никогаш не може да се соочи со животот, бидејќи лагата никогаш не била твоја опција. На твоето убаво лице се запишани сите патишта кои водат до најубавото место на светот. Зарем можам да ја именувам мојата душа по тебе? Дојдов во полето од оган силна љубов, дојдов за да останам засекогаш. Кога мислев дека светот е пред заминување, тогаш искрено се појави ти. Залезите ги направи многу убави. А дождовите не прастануваа да паѓаат и носат бескрајна радост на ветрот. Во мојата душа имаш посебно место со пурпурна одаја и прозор кој гледа од онаа страна на светот каде ангелите свират на харфи.. Тие го нарушуваат црнилото на тишината. Ти ја донее светлината во нашето постоење и веќе нема залез во нашите души. Најискрена си во срцето, на усните ти е испишана искреноста како роса, а во душата како код ти е впишана милоста. Искрена си како душата на детето кое толку невино заспало на градите од својата мајка…

 

Надица Пушкоска