Search for content, post, videos

Најлошата положба за спиење

Можеби спиењето на стомак ви е омилена поза, но размислете уште еднаш пред повторно да легнете така, бидејќи научниците велат дека тоа е лоша навика која може да предизвика дегенерација на карлицата.

Доктор Адам Танаси, киропрактичар, вели дека голем број луѓе не се свесни за оваа лоша навика која му штети на здравјето. Доколку не му верувате, обидете се да одите со главата свртена на едната страна. Набргу ќе почувствувате болка во рамениците и вратот. Телото не ја сака оваа положба, па не сака ни кога ќе легнеме со лицето свртено надолу. Вртењето на главата и вратот на овој начин, дури и на само неколку минути, ги напрега лигаментите и мускулите околу карлицата. Ако го повторувате ова секоја вечер, притисокот врз зглобовите и нервите се зголемува, а дегенерацијата на карлицата е во тек. Ако сепак сте навикната да спиете на стомак, тогаш обидете се постепено да ја смените оваа навика, па  настојувајте да спиете на страна.