Search for content, post, videos

Најоригинална инспирација

 

Со уникатни идеи за животот, оригинална си пред секоја одлука на судбината. Јас сум вљубена во твојата оригинална слика, бидејќи ме правиш и мене таква кога сум покрај тебе. Верувањата никогаш не те одминуваат, бидејќи сите од срце веруваат во тебе, во твојата оригинална природа. Кога стоиш покрај другите, колку впечатливо успеваш да се издвоиш од сите, никогаш не и дозволуваш на толпата да те изгази, па макар и само да ја изгужва твојата сончева покривка од каде изгрева сонцето на успехот. Оригинална си, навистина си посебна, моја најдобра судбино. Колку години поминавме заедно греејќи ги дланките на каминот на животот, гледајќи го тивкото тлеење на огнот, заштитувајќи се во една  прегратка покрај прозорот… Чистото огледало ги открива сите твои оригинални сомнежи дека во животот ништо не е постојано и светот се менува како  дрвјата во есен. Но, тоа никогаш не те заплашува, бидејќи есента има илјада бои исто како и твојата оригиналност…