Search for content, post, videos

На патот кон центарот на себе

 

Како би опишале една стабилна личност­? На која сите  и се восхитуваат и сакаат да се во нејзино друштво. Смирена. Урамнотежена. Позитивна. Личност која ги одмерува постапките и зборовите. Никогаш не избувнува. Не избрзува со заклучоци и точно знае како да избалансира, во секоја ситуација. Личност која цврсто стои во центарот. Веројатно и вие познавате таква личност.

Дали и завидувате на вашата пријателка која стои стабилно и цврсто на земјата? И сакате да бидете како неа? Тоа не може да се научи. Туку, преку практикување треба да ви стане секојдневна навика. Како да започнете? Креирајте услови во кои ќе можете да се одморите, да здивнете,  да се стабилизирате. Најдете го вистинскиот начин како да го постигнете тоа.

Откријте го патот кон центарот. Влезете во себе.  Само така ќе можете да се вратите назад кон себе. И ке можете појасно да го чуете сопствениот внатрешен глас. Да погледнете внатре во себе и да дознаете што е најважната работа во тој момент. Тоа опушта, смирува, расположува… кога знаете дека ја контролирате ситуацијата. Тоа е како кога вежбате или јадете здрава храна. Но, не помислувајте дека на волшебен начин ке стекнете дисциплиа и

дека тоа ќе ви стане постојана навика. Потребна е намера и внимание. За да постигнете ефект треба да  го сакате она што го правите. Инаку, нема да го правите. Толку едноставно.

Затоа, ако сакате малку простор и време за себе, создадете од таа ” задача” обврска. Нешто што мора да го направите. Како да го направите одот кон центарот, принудна работа? Да се забавувате? Да имате чувство на смиреност­? Да имате време за размислување? Со релаксираност да им пристапувате на луѓето? Да читате со задоволство? Да уживате во шоља кафе или чај? Да си дозволите раскошна бања, масажа, маникир? Поврзете го вашиот нов начин на однесување – патот кон центарот- со вашите секојдневни обврски. Секојпат кога телефонот ќе заѕвони, пуштете го да ѕвони трипати, вдишете длабоко трипати и концентрирајте се. Секојпат кога ќе го паркирате автомобилот, останете во него три минути и концентрирајте се. Секое одење во кујна , до канцекаријата на колешката, до бањата, се  можност за одење во центарот… во себе. Направете пауза пет до десет минути. Концентрирањето не мора да значи дисциплинирање или зен состојба на духот. Патот до центарот значи да се држите до она што ви е важно. И грациозно да ги одминувате безначајните нешта. Ќе откриете дека грижата за себе мора да биде весела, лесна, забавна и ефикасна.

Една индијанска приказна од племето Сијукси вели  “Кога имав седум години дедо ми ме однесе на езеро да ловиме риба и ме натера да фрлиме камен во водата. Ми рече да ги набљудувам круговите кои се создаваат од каменот. Притоа ми рече да замислам дека сум камен. ” Можеш да предизвикаш многу бранови во твојот живот, но круговите кои ќе се направат  ќе го пореметат мирот на твоите блиски. Запомни дека си одговорен за она што ќе ставиш во твојот  круг и дека тој круг ќе допре многу други кругови. Треба да живееш на начин кој ќе направи доброто од тие кругови да испрати дел од својата позитивност на другите. Брановите кои се предизвикани од бес и љубомора ќе ги препратат тие чувства на другите кругови. Ти си одговорен и за двете”

Тогаш за првпат сватив дека секој човек сам си создава внатрешен мир или немир кој се прелева во светот. Не можеме да создадеме мир во светот  ако сме оптоварени со конфликт, омраза, сомнеж, бес. Чувствата и мислите кои ги носиме во себе зрачат од нас, без разлика дали ги кажуваме или не. Сето она кое се бранува во нас, се прелева во светот и создава убавина или немир заедно со сите други кругови во животот. ”

Вечна вистина е дека: она на кое што се концентрираме тоа се шири наоколу. Еве еден брз начин како да дојдете до центарот. Застанете или седнете со стапалата цврсто на подот. Забележете ја врската помеѓу вашите стапала и земјата и одредете која ви е целта додека сте во тој простор. Затворете ги очите. Забележете го дишењето. Вдишете длабоко од стомакот. Потрудете се воздухот да го почувствувате како ви ги допира прстите на нозете. Продолжете да дишете и да го забележувате дишењето. Додека издишувате,  замислете како целата тензија излегува надвор од вашето тело. Забележете ја вашата поврзаност со земјата и колку стоите стабилно на тлото во овој момент. Ослободете се од сето она што може да ви го одвлече вниманието, уште на самиот почеток. Кога свесно ќе одлучите да се концентрирате, макар и за некоку моменти, тоа е моќен и позитивен чекор на патот кон центарот… во себе.