Search for content, post, videos

На жените им е потешко да престанат да пушат

 

На жените им е потешко да се откажат од оваа нездрава навика за разлика од мажите бидејќи нивниот мозок поинаку реагира на никотинот, велат американските научници од Универзитетот Јеил.

Нивното истражување покажало дека постојат разлики во активирањето на рецепторите во мозокот кои се врзуваат за никотинот и на тој начин ја зајакнуваат зависноста. Врз база на овие резултати научниците заклучуваат дека жените кои се обидуваат да престанат да пушат имаат поголема корист од третманите кои не вклучуваат никотин. Во истражувањето биле користени снимки на мозоците на 52 мажи и 58 жени. Половина од испитаниците биле пушачи, но за време на испитувањето биле замолени да апстинираат од пушењето. Научниците веруваат дека забележаните разлики меѓу половите е последица на дејството на хормонот прогестерон.