Search for content, post, videos

Надмудрете го сонцето

Неколку совети како да ги избегнете проблемите кои ги создава жештината…

Коса која се витка од влагата: нанесете серум или гел на силиконска база на влажна коса. Или пак напрскајте ја косата со лак отпорен на вода.
Шминка што се растопува и сјае: силиконот е магична состојка. Нанесете течен тен со силиконски пигменти кој се зацврстува на кожата и трае дури и до 16 часа. Кармините и моливчињата за усни произведени со силиконска технологија остануваат свежи и до десет часа, а моливчињата и сенките за очи, како и руменилата, имаат исто толку долг рок на траење. Овие производи полесно се стегаат од регуларната шминка, затоа треба брзо и прецизно да се нанесуваат, на чиста кожа, без никакви мрсностии на неа.
Непријатен мирис на стапалата: користете антибактериски сапуни кои содржат активни состојки што ги убиваат бактериите кои живеат на кожата. По туширањето, на стапалата нанесете антиперспирант.
Црвенило и влакненца кои растат под кожата во бикини областа: отстранувањето на влакненцата на овој дел од телото е многу непријатно, бидејќи тие растат под кожата. Ако ве боли депилацијата и за да го избегнете непријатното црвенило кое се јавува како резултат на депилирањето, употребувајте депил крема. Заборавете на бричењето бидејќи така само ќе се зголеми бројот на влакненцата и ќе станат поцврсти.
Мрсна кожа: летната жештина и влажноста можат и нормалната кожа да ја направат да делува мрсна, а мрсната уште повеќе ја интензивираат да излачува. Во овие случаи сигурно помислувате да го прескокнете хидратантниот крем за лице, што е голема грешка. Со тоа ќе придонесете кожата да делува поостарена. Решението е: еднаш неделно употребувајте маска која привремено ќе го намали проширувањето на порите.
Акни на грбот: заради високата концентрација на мрсни жлезди во оваа област, акните најмногу се појавуваат токму на грбот. За да го спречите нивното појавување, туширајте се почесто. Исто така употребувајте немрсни производи за нега на кожата, а ако веќе се појават, употребувајте креми кои содржат салицилни киселини, сулфур или бензол пероксид. Ако пак сакате да облечете отворен фустан или маичка со гол грб, камуфлирајте ги акните со коректор, а врз коректорот малку компактна пудра.