Search for content, post, videos

Накитот има длабока врска со емоциите!

За своите почетоци, Јованка вели: “Како и на повеќето дизајнери и уметници, така и мојата приказна започнува како хоби. Во природата на секоја жена е да изгледа и да се чувствува убаво, така што откако паметам за себе, сакав поинакви, необични парчиња накит. Како мајка на две деца, слободното време гледав да го користам најдобро што можам и истовремено да се забавувам: бев активна на интернет, посетував разни блогови, им се восхитував на креациите на луѓето ширум светот и оттука се роди желбата да се обидам и јас да направам нешто. На самиот почеток правев едноставни работи и експериментирав со разни техники. Прво работев со монистри, со дрво, со кожа, а потоа го открив нејзиното величество – жицата. Самата техника на изработка се нарекува
wire wrapping или виткање жица. Правев парчиња за мое лично задоволство, а многу често и подарував.”

Кога знаевте дека вашето хоби и љубовта кон уникатните парчиња накит може да прерасне во нешто посериозно, како што е сега? И што сè беше потребно да ги совладате техниката и технологијата на создавање?
‘Да бидам искрена, никогаш не мислев дека ќе работам посериозно. Како сопруга и мајка бев максимално посветена на тие обврски и се друго ми беше во втор план. Изработката на накит за мене претставуваше задоволство во кое уживав и не можев да проценам колку навистина вреди.
Можноста ова мое хоби да ми премине во посериозна работа ја видов кога неколку од моите пријателки сакаа да го купат тоа што го правам.
Тогаш веќе почнав сериозно да размислувам за бизнис, а тоа значи и сериозно да се посветам на квалитетот на материјалите и на самата изработка. Како и секоја работа, така и работата со жица бара многу љубов, трпение, посветеност и, се разбира, соодветен алат. Најинтересен е фактот што во оваа техника секогаш има нови моменти и континуирано се учи нешто ново.”

 

 

Кои материјали беа најблагодарни за првичните уметнички дела? И што најмногу ве инспирираше во почетниот период?
“Жицата изработена од различни метали, во различни дебелини, ми стана предизвик и додека го „трошев“ слободното време на интернет, разгледував какви се видови жица може да се најдат, откривав нови техники во врска со изработката на накит со жица, наидов на интересен податок: накитот изработен од жица е најстариот уметнички занает и датира од 2000 год. п.н.е.
Денес има примероци од кралската династија на Сумерите во Британскиот музеј. Тоа беше и повеќе од доволно да ја добијам мојата прва инспирација и да направам спој на тогашниот тренд со денешната мода. Со бакарна жица го направив моето прво уметничко
дело – обетки. Сега работите со полускапоцени камења. Кои се најбарани, најтрендовски, кои се најинтересни за вас и колку клиентите ги поврзуваат парчињата накит со терапевтските способности што ги поседуваат минералите?
“Скапоцените и полускапоцените камења отсекогаш биле симбол на моќ, а низ вековите биле и дел од алтернативната медицина на
многу култури, како за лекување на телото, така и на духот и за враќање на енергетскиот баланс. Верувањето во дејството на скапоцените и полускапоцените камења, во комбинација со благородните метали, врз судбината на човекот е многу старо. Човекот отсекогаш изработувал амајлии за среќа, за мир, за љубов итн. Како најтрендовски, најбарани се тиркизот, месечевиот камен, жадот, аметистот и тигровото око. Бидејќи секој камен има своја моќ, јас не би издвојувала ниту еден (а ги има навистина многу), затоа што освен што плени со својата природна убавина, секој камен има невидлива позитивна вибрација и позитивно влијае врз телото и духот. Накитот со полускапоцени камења станува се поактуелен поради неговата безвременска естетика и комбинацијата на здравје и убавина.”
Дали ги користите идеите и желбите на клиентите или создавате производ за кој имате идеја, па потоа гледате како на него реагираат припадничките на понежниот пол?
“Сега најчесто работам по нарачка, затоа што така ги запознавам клиентите и нивните желби, и иако за тоа ми требаат и по неколку дена активна работа, за мене претставува предизвик и навистина уживам во тоа. Работата со оваа техника ми дозволува повеќе креативност и фантазија и досега не се случило да имам незадоволен муштерија.”
Кај нас накитот е генерално резервиран за поубавата половина. Се менува ли нешто во навиките на луѓето, особено кај машката популација?
“На мое задоволство, навиките, посебно кај машката популација, во голем степен се менуваат, што пријатно ме изненадува. Многу мажи својот стил го надополнуваат со накит, па дури некои од купувачите имаат навистина интересни идеи и желби. Најбарани се полускапоцените камења како амајлија или приврзок, белегзии како надополнување на часовникот, беџови со симболи,
приврзоци за клуч, букмаркери итн. Се разбира, несекојдневни идеи, независно дали тоа е брош, прстен, ѓердан или украсен предмет.”
Иако ракотворбите имаат сосема поинаква вредност, колку при нивното создавање се следат трендовите во смисла на бои, форми, материјали?
“Ги следам модните трендови, но искрено, не сакам да ги вметнувам. Настојувам да бидам оригинална и на сето ова да додадам свој печат. Можеби звучи горделиво, но како што кажав претходно, да се биде креатор е една голема авантура во која секогаш се открива нешто ново. Оваа техника дозволува игра со фантазијата и секое парче е уникатно, неповторливо и е поврзано со стилот на
оној за кој е изработено.
Иако уметниците не сакаат да прават планови, што следно можеме да најавиме од „кујната“ на Арт Ленд, како желба или како конкретен проект?
“Токму така, планови не сакам да правам. Времето е најголемиот работодавач и на сите подеднакво им дава шанса. Да се управува со времето не значи да се работи повеќе и побрзо, туку помудро. Имам многу желби но, како што велат, не си ги кажувај желбите и соништата на луѓето, туку покажи им ги.
Единствено што знам е дека во сето ова што го работам , бескрајно уживам, се дружам, учам, напредувам… а кога се работи со таква љубов, секогаш има резултат што задоволува.” Тука се и оние што купуваат за да ги изненадат саканите.”Колку учеството на ревии и други културноуметнички настани помага вашите ракотворби побрзо да стигнат до пошироката јавност и може ли да издвоите нешто што го сметате за ваша пресвртница?
“Како член на здружението „Астерион 5“ од Битола и креативец – ракотворец учествував на Балканската колонија на ракотворци во
2013 година, па тоа за мене беше голем поттик да продолжам со овој тип активности, така што годинава на истата манифестација имав промоција на студиото „Арт Ленд“ и презентација на техниката со која работам.
Исто така, ќе ја издвојам и јубилејната модна ревија со танцов перформанс на модното студио „Анастасија“, на креаторката Анастасија Зулевска, кое годинава одбележуваше 20 години од своето постоење, а јас со својот накит бев дел од тој голем настан.”
Брошови, ѓердани, обетки, прстени, белегзии… нема нешто што не може да се најде во вашиот асортиман. што ви е најголем предизвик за создавање?
“Најголема инспирација наоѓам во секојдневјето – во музиката, природата, комуникацијата со луѓето, па дури и во хаосот
што некогаш сами си го приредуваме, така што се она што досега сум го сработила, си има своја приказна. Секој е креативен на свој
начин, па мојот најголем предизвик е креативноста на клиентите и нивните несекојдневни идеи, независно дали тоа е брош,
прстен, ѓердан или украсен предмет.”

С. Прањиќ