Search for content, post, videos

Направете го секој ден Божикен ден!

Направете го секој ден Божикен ден!

Секој ден е Божик кога во мислите имаме убави нешта. Кога не ни е потребна посебна прилика да подариме радост. Кога несебично даваме дел од себе во текот на целата година.

Секој ден е Божик, кога животот ни се состои од радосни изненадувања. Кога во туѓите очи препознаваме пријателство. Кога малку повеќе вложуваме, а малку помалку се жалиме. Секој ден е Божик кога повеќе се грижиме за другите отколку за себе, кога ни е задоволство да направиме услуга и да подадеме рака, кога ни е поважно да ги разбереме другите, одошто тие нас.

Секој ден е Божик, кога ни е сеедно дали сме први или последни. Кога можеме да се соочиме со сопствената совест и да бидеме горди со тоа што сме, зошто само така ќе бидеме окружени со пријатели.

Да, сите ги знаеме 10-те Божји заповеди

И знаеме дека Божик е време за простување, за заборавање на неубавите нешта, време за радување со она што го имаме, време за љубов. Но,  дали ги знаете следниве 10 заповеди? Токму Божикните денови се совршено време да ги направите дел од вашето постоење. Внесете ги во животот овие 10 заповеди и тие ќе ве однесат во светот на мудроста, доблеста и едноставноста во живеењето.

  1. Престанете да се грижите

Животот носи удари, а вие стравувате од неизвесноста, се грижите за иднината и се оптоварувате со мисли на кои немате одговор. Па јасно е дека немата , зашто одговорот го има Господ.  Дали сте заборавиле: Тој е тука за да ви ги оттргне грижите и да ве растовари од тешкотиите.

  1. Направете список

Секојдневно ве очекуваат стотици нешта за кои треба да се погрижите, да ги сработите, да ги завршите? Ставете ги на списокот. Но, не само на вашиот. Ставете ги на списокот на Господ. И оставете го Него да ви помогне.  Тој ќе ви го покаже вистинскиот начин и пат кон решавање на вашите проблеми.

  1. Верувајте му

Кога ќе му ги препуштите вашите проблеми Нему , престанете да се обидувате да  ги вратите назад. Верувајте Му. Имајќи верба дека тој ќе се погрижи за сите ваши проблеми, потреби и тешкотии. Господ е тука за да ви помогне. Вие треба само да го побарате тоа од Него.

  1. Препуштете ги работите да се одвиваат сами по себе

Немојте да се разбудите еден ден и да кажете: “Сега сум многу посилна, отсега сама ќе ги средувам работите”. Зошто мислите дека сега сте посилна? Едноставно е. Сте му ги препуштиле Нему  вашите грижи и Тој ќе се справи со нив. Препуштете му ги Нему и не се оптоварувајте со нив. Оставете  го Него да си ја врши работата.

  1. Зборувајте со него

Заборавете на се што ве излудува. Заборавете на грижите и стравовите, зошто знаете дека Тој ги контролира. Но, една работа никогаш не заборавајте. Не заборавајте да зборувате со Господ – многу често. Тој ве сака. И сака да го чуе вашиот глас.

  1. Имајте Верба

Тој гледа многу нешта од горе кои вие не можете да ги видите таму каде што сте. Имајте верба во Него- Тој знае што прави.

  1. Споделувајте

Уште кога имавте две години ве учеа да ги делите работите со другите. Кога го заборавивте тоа? Правилото сеуште важи.

  1. Бидете трпелива

Господ направил да доживееме многу различни искуства во текот на само еден животен век. Созреавме од дете во возрасна личност, имаме деца,  ја менуваме работата повеќе пати, учиме нови вештини, патуваме во нови места, среќаваме илјадници луѓе и доживуваме многу искуства. Верувајте Му на Господ. Тој совршено правилно го распределува времето кога да се случат одредени работи.

  1. Бидете љубезна

Бидете љубезна со другите луѓе, зошто Господ ги сака и нив подеднакво колку и вас. Тој е во секој од нас.

10. Сакајте се себеси

Кога Господ ве сака толку многу, како можете вие да не се сакате самата себе? Вие сте создадена само и единствено од една причина- да  бидете сакана и да сакате.

Господ е љубов. Сакајте го.

Сакајте ги блиските.

Но сакајте се и себе си.

Среќни Божиќни Празници!