Search for content, post, videos

Направете си свој крем за сончање

Рецепт кој мора да го запомните: направете си
свој крем за сончање
Изложеноста на сонце е еден од факторите кој го зголемува ризикот од заболување од рак на кожата, поради што експертите препорачуваат редовно да нанесувате крем за сончање…
Потребно:
• 1/2 шолја бадемово или маслиново масло
• 1/2 шолја кокосово масло (кокосовото масло природно има
заштитен фактор 4)
• 1/4 шолја пчелин восок
• 2 лажички цинк-оксид
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во стаклен сад, освен цинк-оксидот. Во средно големо тенџере сипете малку вода и ставете на оган да се загрее. Стаклениот сад со состојките ставете го во тенџерето и оставете полека да се стопат.
Повремено промешувајте, а кога сосема ќе се соединат, тргнете од оган и во садот додајте цинк-оксид и измешајте. По желба може да додадете и капка-две есенцијално масло за кремот да има поубав мирис.
Инаку цинк-оксидот е минерал кој го одбива штетното сончево зрачење и е главна состојка во сите креми за сончање.
Имајте предвид дека вашиот домашен крем за сончање не е водоотпорен па ќе треба повторно да го нанесувате по секое пливање. Според овој рецепт, кремот за сончање има заштитен фактор СПФ 15, а колку повеќе цинк-оксид додадете толку е поголем заштитниот фактор.