Search for content, post, videos

Не можете да го спасите светот, но можете себеси

Човек мора да ја научи разликата помеѓу вината и одговорноста. Од голема важнст е нејзиното спознавање, за да се спаси душата. Јас влечам огромни парчиња наметната вина за нешто што реално не е возможно. Дозволив да ми се наметне тоа парче вина што ми тежи повеќе од сите планини на светот. Веќе со години се прашувам како може да се убие човек кој толку многу се сакал, како може да се повреди до толку што ќе замине засекогаш, како може да му се направи нешто лошо со љубовта која е бескрајна, со насмевките, со убавите зборови…? Престанав да ги контролирам нештата, сега веќе тие ме контролираат мене. Заморот веќе почна да ми го уништува духот, мислите ми создаваат сомежи и огромни стравови за животот. Знам дека е време да разберам дека во животот се случуваат некои нешта за кои нема објаснување, но мора да се продолжи понатаму, не потклекнувајќи пред облакот на судбината. Повеќе од јасно ми е дека со храброст во срцето и радост во духот, вреди да се оди напред. Чекор по чекор. И дека се додека чувствувам љубов, добрина и верба во срцето, никако не можам да бидам виновна за темнината која се спуштила низ животот. Зашто, длабоко во срцево знам, јас секогаш се обидувам да ја пружам дланката со помош онаму каде што бурата започнала, но понеогаш судбината не одвојува од луѓето и нештата. И јасно е, не можеме да го спасиме светот, но да се обидеме да се спасиме барем себеси.

продолжува…

Надица Пушкоска