Search for content, post, videos

НЕ за НАСИЛСТВО

Денес во просториите на Фондацијата „Никола Кљусев“ во Скопје, започна првата од серијата обуки „НЕ за насилство“, поддржани од Град Скопје. Проектот е наменет за детектирање, справување и спречување на насилството меѓу учениците.

Предавањата/обуките ги водат Др. Људмил Кљусев, невропсихијатар, специјалист за детска и адолесцентна психијатрија и Д-р Весна Дамчевска Илиевска, експерт за лидерство, ненасилна комуникација и справување со конфликти. Обуките се интерактивни и се наменети за наставниците, психолозите и педагозите од средните училишта на Град Скопје.