Search for content, post, videos

Менторирање – Не за насилството

Фондацијата „Никола Кљусев“ од Скопје со поддршка на Град Скопје, оваа година го  реализираше проектот „Менторирање во училиштата во процес на имплементирање на програмата НЕ ЗА НАСИЛСТВО“. Во проектот беа опфатени средните училишта на Град Скопје.  Проектот беше наменет за наставници, педагози и психолози од средните училишта на Град Скопје. Во проектот беа реализирани едукативни средби и работилници со претставници од средните училишта на Град Скопје, наставници, стручни работници, директори. Како резултат на анализата на потребите за имплементација на препораките на проектот и искажани барања за поддршка од страна на учесниците на завршниот настан на овој проект се резумираше дека има потреба од продолжување на ваков вид на обуки. Одржаните работилници во рамките на проектот нѐ охрабрија да продолжиме со работа на оваа тема и да се креираат превентивни и интервентни активности конкретно посочени и наменски дизајнирани, што се дел од препораките на овој проект, како и стремење кон процес на поширока имплементација во образовниот систем. Учесниците предложија да се организираат менторски обуки и во иднина со цел да се спречи насилството во училиштата.