Search for content, post, videos

Негувајте го лицето со квасец: брчките исчезнуваат како избришани со гума

 

Квасецот е чудо од кујната кое има одлично дејство кога го користиме за нега на  телото и лицето. Маската од квасец е идеален начин за избелување на кожата, но и за да ја нахрани.

Потребно: 20 гр квасец и 2 лажички лимон

Подготовка и употреба: измешајте ги квасецот и сокот од лимон (можете да употребите и сок од грејпфрут или од рибизли). Садот во кој ги измешавте состојките ставете го во друг сад во кој претходно ќе наполните жешка вода. Оставете да стои така 2-3 минути. Потоа нанесете ја маската на претходно внимателно исчистено лице и оставете да дејствува 20 минути. Исплакнете со топла вода и нанесете хидратантен крем за лице.

Со маските не треба да претерувате. Маската од квасец е идеално решение за вашето лице, но само ако ја користите 1-2 пати неделно.