Search for content, post, videos

Glassing – Мачкини очила за сонце

Италијанскиот оптичар, кој очилата за сонце ги изработува рачно, неодамна ја лансира новата годинешна колекција и предизвика внимание. Освен формата (мачкина), за популарноста придонесе и бојата, во златна и виолетова. Заштитата од ултравиолетните зраци е стопроцентна. Всушност, очилата за сонце се комбинација на метал и ацетат, со 55 милиметарски леќи, ширината на мостот е 15 мм, а должината на рачките изнесува 135 мм. Нивната цена е 445 евра.