Search for content, post, videos

Неколку совети за прекрасен изглед во овие студени денови

Времето на студот, доцната есен и зимата е едноставно период кој мораме да го поминеме, без оглед на тоа колку ни се допаѓал нам или не. Иако поради многуте празници и снегот овој период знае да биде и забавен, кај некои може да предизвика и бес поради негативните влијанија врз кожата и врз целосниот изглед.

За време на студениот период времето главно го поминуваме во затворени простории кои се греат и само повремено излегуваме надвор, изложени на ниските температури, што доведува дури и оној најмрсниот тип на кожа да ги изгуби своите природни масла и значително да се исуши. Жешката вода и пареата, пак, ја уништуваат кожата кога се користат пречесто и предолго. Денес, особено, постојат многу начини за отстранување на мртвите клетки од кожата, но најсигурни се природните и синтетички пилинзи, сунѓери и четки за лице и кожа, како и производи со алфа- хидроксилни киселини, со не повеќе од 10% концентрат во себе.

За заштита на кожата користете антиоксиданси кои можете да ги купите во било која продавница за здрава храна. Авокадо еднаш неделно ќе ви овозможи доволна количина на неопходните есенцијални масни киселини, кои можете да ги набавите и во вид на капсули со масло од семки од лен, па во природна форма да се додадат во житарките кои ги користите за појадок или пак во салатата. Чадениот лосос еднашседмично ќе ве “наполни” со омега-3 и омега-6 масни киселини.

Три пати неделно на лицето нанесете хидрантна гел-маска, и никако не заборавајте да пиете многу вода и да внимавате на исхраната. Иако овие месеци е тешко да се држите до здравата исхрана, сепак немојте премногу да ја губите дисциплината.

Неколку совети кои ќе ви помогнат и во текот на зимата да одржите добар изглед:

* Малку руменило ќе ја направи вашата бледа кожа да изгледа посвежа и поздрава

* Во текот на зимските месеци користете мат пудра, а не светликава

* Продолжете да користите крем со заштитен фактор, особено во деновите кога се појавува сонце

* “Smokey eyes” изгледаат навистина привлечно во текот на зимата

* Само туш над горните трепки не е доволен, па затоа ненсете неколку слоја маскара

* До пролет намалете ја употребата на ноќен крем

* Избегнувајте да спиете со вклучено греење бидејќи ја исушува и кожата, но и синусите.