Search for content, post, videos

Prada – Приврзок во форма на цвет

Повеќенаменски е, за клучеви, а може да послужи и како украс на чантата. Миланскиот бренд, кој важи за еден од најлуксузните, постои 104 г., а последните неколку години, меѓу другото, се фокусира и на аксесоарите, како приврзокот од јагнешка кожа (со текстура) на пример, во форма на цвет. Изработката е рачна, се разбира. Има клипен затворач од месинг, со гравирано лого на тркалезна плочка. Такви се и нитните. Должината изнесува 19 см, а ширината е 12 см. Неговата цена изнесува 242 евра.