Search for content, post, videos

Нијанси за помлад изглед

Откако ќе ја решите дилемата со фризурата и бојата на косата, време е да завршите со последниот удар боја – мејкапот. Оваа сезона актуелни се пастелните и неутрални тонови, бидејќи на лицето му даваат свежина и младешки изглед.
Без оглед колку и да сте љубителка на силната и нагласена шминка, визажистите за оваа сезона нагласуваат да ја прифатите неутралната и нежна шминка, барем за дневнен изглед.
Лице
За да постигнете свеж изглед, по нанесувањето на хидрантниот крем, нанесете пудра но само една нијанса потемна од вашиот природен тен. На местата кои сакате да ги сокриете нанесете коректор, па завршете со транспарентна или пудра во прав.
Очи
За очите одберете сенки во пастелни тонови – кремасти, сини, розови или виолетови. А можете и да ги комбинирате.
За да го освежите погледот, на долниот капак ставете малку бела светликава сенка или бело моливче, па потоа засенчете го со помош на прстите. Маскара ставете само во еден слој.
Образи
На јаболчниците нанесете руменило во бронзена или природна кафеава нијанса.
Усни
На крајот секако завршете со усните на кои по нанесувањето на лабелото (доколку ви е потребно ако имате многу сува уста) ставете само сјај или кармин во кафеава боја или месо боја.