Search for content, post, videos

Ноцебо – чувајте се од негативна сугестија

Повеќето луѓе слушнале за плацебо ефект, но релативно мал број луѓе, дури и во круговите на медицинските лица, слушнале за носебо ефект. Прв пат овој феномен, кој всушност е лошиот брат близнак на плацебо ефектот, го добил името во 1961 година. Ноцебо ефект е способност на негативно верување и очекување на штетата односно негативен ефект во организмот. Додека кај плацебо ефектот се постигнуваат позитивни резултати со третманите кои нормално не би требало да имаат било каков ефект, како на пример шеќерна таблета, со ноцебо ефектот кај пациентите се постигнува спротивен резултат во здравствен поглед. Со ноцебо се постигнува негативен ефект. Односно она што го очекува и замислува пациентот, за жал најчесто и го добива.

Плацебо ефектот е многу моќен и без оглед дали лекарите и пациентите се свесни за тоа или не. Плацебо преставува значаен дел на исцелителскиот процес како во лекувањето со методите на древните култури, така и во модерната медицина.

Игнорирање на плацебо ефект… Поголемиот број на доктори имедицинскиот персонал го игнорираат плацебо ефектот. Дури изненадува ниванта незаинтересираност за плацебо ефект, а овој ефект им оди во корист. Можеби тоа е така бидејќи лекувањето не би делувало доволно научно. Лековите имаат своја улога, но разбирањето како човечкиот ум ги процесира информациите е многу важно. Ако докторите не сакаат да слушнат за плацебо ефект, замислете како би размислувале пациентите за ноцебо ефект и идејата дека она негативно што ќе го кажат пациентите може да доведе нивниот пациент да стане уште поболен. Секако дека има исклучоци и среќа што расте бројто на докторите кои размислуваат поинаку.

Нема објасувања за плацебо ефект, но сепак делува…

Плацебо, а посебно ноцебо ефектите не се доволно ппроучувани, бидејќи едноставно сеуште нема начин научно и медицински да се објаснат овие феномени, иако има многу потврдени резултати на овие две појави. Фармацевтските компании пак од друга страна не се заинтересирани да се објавуваат вакви студии бидејки тука ништо не може да се патентира и финансиски да се искористи. Постои уште една добра причина поради која постои одбивност према носебо експериментите, а тоа е фактот што голем број на луѓе се чусвтсвуваат онака како што им е сугерирано дека ќе се чувствуваат, а бидејќи се работи за здравствено негативни ефекти, можно е дека и тоа е причина за недоволниот број на научни испитувања за ова прашање.

Ноцебо ефект може да настане во неколку ситуации и тоа:

– во директна интерација доктор или експерт и пациент, каде секоја страна има свои очекувања.

– колку пацинетот повеќе верува на докторот, влијанието на ноцебо ефектот е поголем. Пример – кога докторот ќе ја каже негативната дијагноза и прогноза, понекогаш дури и смртна пресуда на пацинетот како “ви останува уште неколку години живот“, тоа воглавно и се остварува, дури и почетната дијагноза да е погрешна или болеста не била во тој стадиум.

– Генералното верување и очекување на пациентот надвор од терапевтската ситуација.

– Очекувањата и верувањата кои настанале во одредени кругови.
Подложни сме на негативна сугестија – малиот број на истражувања кои се направени за плацебо и ноцебо ефект покажале дека плацебо ефектот и верувањето дека нешто позитвно ќе се случи, се остварува во просек од 33% до 50%. Од друга страна пак ноцебо ефектот и верувањето дека нешто негативно ќе се случи се покажало дека се остваруваат во неверојатни 55% до 100% случаи. Ова покажува дека сме двојно подложни на негативна сугестија отколку на позитивна.

Примери за ова се доброволците во еден експеримент на кои им е кажано дека ќе бидат подложени на струја со низок напон што може да доведе до главоболки. Во текот на екпериментот воопшто не е пуштена електрична струја, а две третини од испитаниците се пожалиле на главоболки. Исто така на друга група пациенти во болницата во Калифорнија дадена им е шеќерна вода за која им било кажано дека е сретство кое ќе предизвика повраќање. 80 % од луѓето во групата ја повратиле шеќерната вода. Едно од истражувањата кои се правени за аспиринот и другите средства кои ја разредуваат крвта е спроведено во три групи на испитаници. На пацинетите од двете групи им било кажано дека постои можност да се јават тегоби во желудникот, кои често се контраиндикации кај честото земање на аспирин. Испитаниците од третата група не биле предупредени на сето ова односно ништо не им било кажано. Кога се обработувале резултатите од испитаниците, истражувачите биле изненадени кога виделе дека во првите две групи повеќе од половина од испитаниците се жалеле на болки во желудникот, додека во третата никој не се пожалил на ништо.

Да се каже на некого дека деновите му се одброени е многу погубно и негативниот ефект е неизбежен. Ноцебо ефектот често пати предивикува физики промени и покрај тоа што истите не се предизвикани со никакви физички средства. Сето ова докажува дека лошите прогнози и размислувања го загрозуваат здравјето… затоа размилсувајте позитивнио, така и ќе живеете.

Силвана Јованчева