Search for content, post, videos

Новогодишни колачиња со портокал и цимет

Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво, па додајте ги сите други состојки и замесете тесто. Оставете го тестото во фрижидер околу триесет минути. Расукајте го (да е дебело околу еден сантиметар) и со модлички направете ги ѕвездичките. На половината од нив направете им отвор во средината. Тавата за печење обложете ја со хартија, наредете го ѕвездичките и печете ги околу 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Во еден сад стопете го чоколадото, па додајте го циметот. Со смесата премачкајте ги целите ѕвездички, а оние со дупче прелијте ги со шеќерот во прав во кој сте ја додале кората од портокал. Спојте ги двата вида ѕвездички, но внимавајте да не се преклопуваат краците.

Потребно: за тестото:
250гр брашно
Малку прашок за пециво
60гр шеќер
Рендана кора од еден портокал
125гр путер
120мл слатка павлака

За декорирање:
100гр чоколадо
Цимет
Шеќер во прав