Search for content, post, videos

Новогодишни мини палачинки

Во тава за пржење на масло малку ропржете го месото. Откако ќе го пропржите додајте му ги сите зачини, по желба можете да додадете и чили доколку сакате да биде лутко. Додадете 3/4 шоља вода и продолжете да го динстате месото додека водата да испари. во посебно тавче за палачинки, со лажица ставајте од смесата за палачинки и  пржете мали палачинки со дијаметар од околу 10-15 см. Пржените палачинчиња наредете ги во тава за печење во која предходно сте ставиле хартија за печење. На секоја палачинка ставајте од месото со зачини. Во меѓувреме, пропржете го кромидот исечкан на лентички да стане стаклест. Ставајте од кромидчето врз месото. Потоа по една лажичка павлака и најодозгора од ренданиот кашкавал. Ставете ги палачинките да се потпечат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 5 минути.

 

Потребни состојки:

450 гр. мелено месо

смеса за палачинки но многу погуста

1 или 2 павлаки

1 шоља рендан кашкавал

2 главици кромид

зачини: рузмарин, оригано, црн пипер, сол, сушен магдонос, лук во прав