Search for content, post, videos

ОБЛИКОТ НА ЛИЦЕТО И НАКИТОТ

Обликот на лицето има многу важна улога во одбирот на накитот. А дека е така, тоа веројатно и сте го забележале самата, особено кога ќе ставите некој ѓердан на вратот и едноставноп нешто
од огледалото ви кажува дека не ви стои. Или одбегнувате да купувате висечки обетки затоа што сте пробале илјадници модели досега и тие едноставно не ви прилегаат. Тоа не е случајно и не станува збор за вкус – она што ви ја мати совршената слика е симетријата. Затоа научете да ги
усогласувате формата на вашето лице и накитот и верувајте, нема да згрешите….
ОВАЛНО ЛИЦЕ

Ѓердан: скоро сите ѓердани изгледаат совршено со овалното лице. Пробајте со елегантната
ниска бисери која се носи сосема припиена до вратот.
Обетки: тркалезни, на пример во вид на алки или раскошни висечки, кои совршено ќе се вклопат во симетријата на вашето лице.

ПРАВОАГОЛНО ЛИЦЕ

Ѓердан: ѓерданите што се носат припиени до вратот ќе направат правоаголното лице да делува пократко, а оние во формата У ќе ја ублажат острата линија на брадата.
Обетки: ви одговараат обетките во форма на алки, помали или поголеми, со украси или не, сите се совршено создадени за вашиот лик.
ТРКАЛЕЗНО
ЛИЦЕ
Ѓердан: долгите ѓердани ќе направат тркалезното лице да изгледа поиздолжено – на пример Ѓердани со приврзок или ниска бисери во стилот на 20-тите.
Обетки: одберете квадратести или правоаголни облици, како и долги висечки, но тесни обетки.
СРЦЕВИДНО ЛИЦЕ
Ѓердан: кус, сосема до вратот или дупла ниска перли.
Обетки: во форма на солзичка или триаголнести ќе му дадат против рамнотежа на вашето лице.

КВАДРАТЕСТО ЛИЦЕ
ѓердан: доколку е припиен до вратот, ќе направи лицето да делува пократко, а ѓерданите во формата У ќе ја ублажат острата линија на брадата.
Обетки: или сосема мали, перли или каменчиња, а доколку одберете висечки обетки тоа треба да бидат мали со мал приврзок кој визуелно ќе го стесни лицето