Search for content, post, videos

 Од овие продукти косата расте со неверојатна брзина

 

 

Ако сакате да го поттикнете растот на вашата коса, најдобро е тоа да го направите по природен пат. Постојат многу растенија што ѝ помагаат на косата да расте побрзо, но многу е важно правилно да се искомбинираат. Овие продукти го зголемуваат протокот на крвта во главата и на тој начин го осигуруваат природниот процес на раст на влакното.

Зелен чај

Зелениот чај е одличен препарат за побрз раст на косата затоа што содржи антиоксиданси. Можете да го пиете но и да го користите паралелно со шампонот за коса.

Компири

Косата измијте ја со водата што ќе ви остане откако ќе ги сварите компирите, а потоа измијте се со вашиот шампон. Ќе се воодушевите од резултатите.

Масло од грозје

Топлото масло од семки од грозје втријте го во коренот на косата пред да си легнете. Повторувајте ја постапката 2-3 пати неделно.

Маска од јајца

Измешајте 1 јајце со 50мл маслиново масло. Потоа смесата нанесете ја на косата, косата завиткајте ја со фолија и оставете да дејствува барем 1 час. Потоа косата измијте ја со благ шампон и нанесете балсам. Практикувајте го овој третман еднаш неделно.

 Домашна маска за погуста коса

Ако мечтаете по погуста коса, испробајте го следниов рецепт. Станува збор за сосем природен метод за раст и згуснување на косата.

Потребно: 2 супени лажици рицинусово масло, 1 жолчка, 1 супена лажица мед

Подготовка: измешајте ги сите состојки. Изматете ги со виљушка. Добиената смеса најпрвин нанесете ја на врвовите на косата, а останатото размачкајте го по целата должина. Соберете ја косата и ставете капа за туширање. Оставете ја маската да стои 2 до 4 часа. Потоа измијте ја косата вообичаено – со шампон и регенератор.

Постапката повторувајте ја 1-2 неделно, и така два месеца.