Search for content, post, videos

Одбележување на Денот на италијанскиот дизајн 2024 во Чифте амам

Амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија со задоволство ве канат на прославата на Денот на италијанскиот дизајн 2024 година.

Во рамките на тридневната програма, на 14 март 2024 (четврток), во галеријата Чифте амам ќе се отвори изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“ (Carissimo Pinocchio), во 13:00 часот. Поставката ќе може да се погледне во наредните две недели, до 28 март 2024.

Имено, во објектот Чифте амам ќе биде презентирана изложба по повод 140-годишнината од првото издание на книгата „Авантурите на Пинокио – Приказна за куклата“ од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот. Во соработка со Италијанската амбасада, изложбата на Музејот за дизајн ADI од Милано, пред македонската публика ќе го претстави дизајнерскиот проект „Најдрагиот Пинокио, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“, курирана од Џулио Јакети.

Годишнина која според зборовите на претседателот Лучијано Галимберти „е повод да се прослави и прослави ремек-делото на италијанската литература, со цел да се зајакне мултидисциплинарноста на дизајнот како наследство на културното богатство способно да поставува прашања во нашите секојдневни активности“.

 

Срцето на „Carisimo Pinocchio“ се 60 дизајн проекти од 30 дизајнери и 30 графички дизајнер, специјално создадени за изложбата, „различни изрази на чувствата и работата на толку многу италијански дизајнери: зголемен, калеидоскопски, изненадувачки изглед, способен да каже приказната за способноста на италијанскиот дизајн да создава безвременски слики и предмети, прославувајќи го на тој начин митот за Џепето, првиот италијански дизајнер!“ (Џулио Јакети).

 

Низ медиумскиот простор на публиката со задоволство се обраќа ко-кураторот на изложбата:

„ Здраво на сите, јас сум Лука Мадонини и сум еден од 60-те дизајнери вклучени во изложбата „Најмилиот Пинокио“. Соработувајќи со главниот куратор на изложбата Џулио Јакети, имав и задоволство и чест да бидам сведок на сите нејзини креативни фази на оваа изложба која е создадена со цел да се прослави 140-годишнината од раѓањето на Пинокио, една од најпознатите италијански икони во светот. Тоа секако е прослава на ликот на Пинокио, но и на Џепето, неговиот творец кој знаел максимално да го искористи едноставното парче отпадно дрво, работејќи со одземање и доаѓајќи до апсолутна формална синтеза: цилиндар, сфера, конусот на капата и секако зашилено испакнување, односно да се добие сè од ништо и да се најде вредност дури и во тривијално парче остаток од дрво. За да ја покажат оваа аналогија, безброј дизајнери во текот на годините го преземаа предизвикот да ја реинтерпретираат фигурата на Пинокио, секогаш одржувајќи го формалниот архетип.

 

Зборувајќи за изложбата, Џулио Јакети предложи на Музејот за дизајн АДИ да се вклучат 60 италијански дизајнери, поточно 30 дизајнери и 30 графички дизајнери, повикани да дизајнираат своја лична реинтерпретација на најпознатата кукла во светот. Резултатот е збирка која ја раскажува сложеноста на приказната на Пинокио и нејзините многубројни авантури и аспекти.

 

Станува збор за инклузивна изложба, погодна и за деца и за возрасни, полна со изненадувања, способна да предизвика насмевка и во исто време да ве натера да размислувате. Се надевам дека ќе уживате и ќе дозволите да бидете пренесени во магичниот свет на Пинокио.“ Лука Мадонини

 

На отворањето на изложбата ќе се обратат амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, директорката на галеријата, д-р Дита Старова Ќерими и ко-кураторот и дизајнер г-дин Лука Мандонини.