Search for content, post, videos

Одберете го денот кога ќе промените се!

Одберете го денот кога ќе промените се! Слободата се добива само со борба. Понекогаш борбата е неопходно потребна. Во текот на борбата се развива внатрешна сила која ни укажува дека секогаш имаме моќ на избор. Кога би го живееле животот без никакви пречки тоа би не направило неспособни за живот, недоволно силни, неиздржливи. Не смееме да дозволиме грешките во проценки да ни се повторуваат секој ден и да не водат во погрешен правец. Неопходно е да го препознаеме она што носи живот, среќа и радост во нашето секојдневие. Она што го прави нашиот живот поинаков.

Топлото време, синото небо и сонцето не тераат да излеземе надвот од заштитниот слој со кој бевме обвиткани во текот на зимата. Да излеземе од топлината на домот, од облеката која не штитеше од студот и да излеземе надвор во прекрасниот свет. Во прегратките на топлите сончеви зраци, како пеперутка која ги шири криљата и летнува во пресрет на новиот живот.. Додека пеперутката била гасеница таа можела само да лази по дрвото од еден на друг лист. А сега целиот свет е пред неа.
И вашиот живот, може да се трансформира како животот на пеперутката. Некои луѓе се возат на возот на животот со поглед назад. Ги гледаат километрите кои минуваат и кои ја означуваат секоја помината година. И седат така тагувајќи за загубените денови кои одминале. Го проколнуваат својот живот и ги обвинуваат другите за нивната мизерија. Повеќето луѓе живеат во свој заштитен свет на безбедност, кој ги чува од надворешни влијанија. Навикнати на рутината на секојдневието тие знаат што може да очекуваат секој нов ден додека се извлекуваат од топлината на креветот. И тргнуваат во уште едно познато секојдневие.
Излезете надвор од зоната на удобност која ве ограничува. Направете го она што не ви е баш пријатно. Она што ве плаши. Растегнете ги вашите граници. Колку повеќе се трудите, толку повеќе визијата ви се проширува. Колку повеќе можете да видите, толку повеќе тоа станува возможно. Седете на предното седиште.За да видите што може да видите. Да го почувствувате ветерот на промените како дува во вашето лице. Да видите што ви открива животот, додека се движите од едно место во друго. Убаво е да се паметат работите, тоа е од минатото, но напред е местото на случувањата, таму се непознатите работи. Уживањето не е таму каде што сме биле, туку во она што го очекуваме.
Нашата конфорна зона не штити. Но, истовремено не ограничува. И во просторот и во времето и во способностите. Како што гасеницата е ограничена во споредба со пеперутката. Но, животот за неа е сосема во ред. Таа си има гранчиња за искачување и лисја за грицкање, кои може да ги искористи да се скрие од птиците грабливки. Но, ако ја набљудуваме сликата однадвор , незиниот живот е многу ограничен. Зашто, таа има природана способност за трансмисија, која мора да ја искористи.
Нашата зона на удобност не ограничува на истиот начин на кој ја ограничена и гасеницата. Нејзиното видно поле е ограничено на неколку сантиметри околу неа. Таа не може ни да го замисли животот надвор од нејзиното видно поле. Но, таа е среќна. Природата и обезбедила патека која ќе ја трансформира во пеперутка со огромна слобода пред себе. Таа нема избор. Природата го прави тоа за неа кога ќе дојде време.
И ние имаме патека на можности. Но, наместо природата да ја прави трансформацијата за нас, ние треба самите да го сториме. Ние имаме избор.
Имаме видно поле надвор од нашата зона на удобност. Но, таа не држи цврсто обвиткани, со цел да не заштити. И многу често не сме во состијба да ги претпоставиме можностите кои ни стојат на располагање, а кои за луѓето отстрана се лесно видливи и препознатливи.
Излезете од зоната на удобноста. Таа може да направи неверојатни нешта за вас. Да го трансформира вашиот живот, исто како што се трансформира животот на пеперутката. Денес, можеби и не можете да претпоставите каков ќе биде вашиот живот. Но, можете да се внесете себе си во живот на неограничени можности и убавина.
Ако не ви се допаѓаат работите, сменете ги. Имате способност целосно да ја трансформирате секоја област во вашиот живот, а се започнува со вашата лична моќ на избор.
Одберете го денот- било кој ден, кога ќе промените се. Денот, било кој ден, кога ќе ја отворите книгата, која ќе ги отвори вашите мисли за ново знаење. Било кој ден може да биде почеток на нова активност. Било кој ден може да биде почеток на вашите животни промени. Тоа може да го сторите веднаш, или идната недела, идниот месец или идната година.
А може и НИШТО да не сторите. Може само да се преправате дека нешто правите. Ако помислата дека треба нешто да промените ви создава непријатност, може да останете она што сте.
Може да одберете уживање наместо работа. Забава наместо образование. Илузија наместо вистина. Сомнеж наместо доверба. Изборот е ваш. Шекспир рекол: ” Вината не е во ѕвездите , туку во вас”.