Search for content, post, videos

Опаѓање и губење на косата – алопеција

Опаѓањето на косата денес е проблем актуелен за поголемиот број луѓе од оваа планета. Во последниве години е многу зачестено опаѓањето на косата како кај мажите, така и кај жените.
Според статистиката која е водена за овој проблем, опаѓањето на косата се јавува кај 70% од машката популација. Се претпоставува дека порано кај жените алопецијата се јавувала многу ретко, дури и не се јавувала. Но, за жал, денес состојбата со тој проблем е променета. Денес, порано или подоцна во својот живот, две од три жени се соочуваат со проблемот на губење на косата и нејзино опаѓање и проретчување. За среќа, кај жените опаѓањето на косата не се завршува со потполна ќелавост, како што е случајот кај мажите, меѓутоа и ретката и слаба коса претставува проблем.
Зошто се појавува алопеција
Причината за опаѓањето на косата уште не е потполно разјаснета, но лекарите се согласуваат дека постојат повеќе причини за нејзиното опаѓање, меѓу кои се: стресот, анемијата, генетиката, проблемите со штитната жлезда, хормонското пореметување, менопаузата, разни бактериски заболувања…
Кај жените најчести виновници за опаѓањето на косата се стресот, анемијата и менопаузата. Младите мајки често се среќаваат со проблемот опаѓање на косата веднаш по породувањето. Додека кај мажите главни причинители за губењето на косата се гените и хормоните.

 

Лекување на алопецијата со конвенционална медицина
Алопецијата не може да се излекува, но може да се ублажи. На пазарот постојат мноштво производи против опаѓање на косата, кои тврдат дека со нивно користење ќе се спречи алопецијата, дури и ќе се поврати изгубената коса. За жал, рекламите честопати го лажно го зголемуваат добротворното дејство на производите, а оној кој го има овој проблем се надева дека секој таков производ ќе му помогне во ревитализацијата на косата.
Нема сомнение дека инстант решение за овој проблем не постои и дека за лекување на алопецијата е потребно време и трпение, како и позитивно размислување дека сето тоа ќе се среди.

Алтернативно лекување на алопецијата
На прашањето дали алопецијата може да се излекува, алтернативната медицина дава позитивен одговор. Алтернативната медицина нуди неколку начини за решавање на овој проблем. Меѓутоа треба да се напомене дека ниту еден метод не дава резултати за брзо време. Невозможно е да се оќелаве за еден ден, за тоа се потребни неколку месеци или неколку години, па така е и со обратниот процес – процесот на растење на косата. Не може да се очекува дека за кус период ќе порасне косата. Резултатите од терапијата обично се видливи по неколку месеци поминати со секојдневна употреба на терапијата. Треба да се биде упорен во тоа и да не се отстапува од користење на терапијата.
Алопецијата е поврзана со исхраната и здравјето на целиот организам. Се во нашиот организам е меѓусебно поврзано, затоа и здравјето на косата зависи од здравјето на целиот организам. Ако имате проблеми со опаѓање на косата, алтернативната медицина препорачува прво да ја подобрите својата исхрана, да се одвикнете од лошите навики, да го намалите стресот и да почнете да се занимавате со спортски активности. Квалитетната исхрана е многу важна, па затоа и треба да настојувате да внесувате еколошки што почисто овошје, зеленчук и свежи сокови. Посебно се препорачуваат зелени кашести сокови кои имаат силно влијание на здравјето на влакната. Потврдено е дека овие сокови делуваат освен против алопецијата, и против побелувањето на косата.
Природни рецепти против алопеција
Коприва – сите знаеме за делотворните својства на копривата како за организмот, така и за косата. Третманот со коприва е најдоброто нешто што можете да го направите за косата и за кожата на главата. Ставете две полни лажици свежа или сува коприва во пет литри вода, оставете да почне да врие, исклучете го огнот и оставете така да отстои 10-15 минути, тивко да си проврие. Процедете, изладете и измијте ја косата со чајот од коприва. Мијте ја косата со чај од коприва секој ден и резултатите ќе бидат видливи веќе за неколку седмици.
Етерични масла – етеричните масла од мајчина душичка, рузмарин, лаванда, како и растителните масла од јојоба и семки од грејпфрут се особено делотворни против алопеција. Масирајте ја главата со оваа мешавина еднаш на ден.
Мед и цимет – подгответе ја смесата од мед, топло маслиново масло и лажичка цимет. Нанесете на косата и оставете да стои 15 минути, потоа исплакнете ја косата. Ова е ефикасен домашен лек против опаѓање на косата.
Сок од лук – сокот од лук втривајте го во кожата на главата два пати дневно. Мирисот е непријатен, меѓутоа резултатите се видливи веќе за 4-6 седмици.
Во желбата да се ревитализира косата, секој човек ќе проба се за да го постигне саканиот резултат: нови влакна и убава и сјајна коса. Само не треба да се изгуби надежта ниту за миг.