Search for content, post, videos

Ослободете ја волшебната сила

Дали сте свесна дека некаде длабоко во вас е скриена тајна сила? Сила која чека вие  да ги откриете волшебните зборчиња со кои ќе ја ослободите да излезе од таму. За да направи гениј од вас.

Пол Мекреди е писател и научник кој внимателно ја проучувал генијалноста  и начинот на кој луѓето се однесуваат. Тој има неколку категории за тоа што значи генијалноста.

Во првата се личности кои се општо прифатени за генијалци. Тие се луѓе великани на цивикизацијата, како на пример Ајнштајн, Леонардо ДаВинчи, Шекспир, Микеланџело….. Има ли човек на планетава што не верува дека Ајнштајн бил генијалец? Нема. Сите сме согласни дека тој е вистински генијалец.

Втората категорија се официјално признати генијалци. Тоа се луѓе кои имаат добиено Нобелова награда или друго високо почитувано признание. Без оглед дали го разбираме тоа што тие го постигнале, сите ние ги сметаме за генијалци заради признанието кое го имаат добиено од страна на компетентни личности.

Третата категорија се луѓе кои се уште не добиле национално или интернационално признание, но кои сепак сториле нешто значајно што ги одвојува од другите луѓе. Тоа може да се студенти кои освоиле некоја награда, или постигнале високи резултати во школувањето. Тие имаат дарба која ги издвојува од останатите. Но, обично тоа се повлечени личности кои имаат проблем со срамот и ниска самодоверба. Нивниот изненадувачки успех  е изненадувачки само затоа што намерно се труделе да останат во позадината.

И додека сите овие категотии се многу реслни и прифатливи, сепак најважна е последната- четвртата. Воопшто нема да е изненадување ако таа ви биде најголемо изненадување. Затоа што се однесува на вас. Да, токму на вас! Нејзиното тврдење е дека вие имате потенцијал да постигнете многу значајни нешта кои по грешка досега  сте им ги препишувале како возможни само на малкумина други личности. А за тоа постојат премногу докази. Еве на пример, вашите први чекори и вашите први зборови.Можеби не се сеќавате, но тие биле многу потешки од било кој друг подоцнежен предизвик во вашиот живот. Сепак, очигледно е дека многу успешно сте ги надминале првичните тешкотии во животот.  Добро, ќе речете дека оваа примарна способност генетски ни е дадена. Но, постојат многу нешта за кои не можеме да очекуваме дека генетски ни се предодредени. Сите знаеме дека во 17-от и18-от век, од секој припадник на интелектуалната класа се очекувало да знае да чита и пишува некои странски јазици, да пишува поезија, да свири некој инструмент и да знае на памет голем дел од Библијата. И што е уште поважно, сето ова се учело уште на многу рана возраст и тоа на многу високо ниво. Па така илјадници луѓе секојдневно и рутински изведувале такви нешта кои денес се сметаат за извонредна способност, па дури и генијалност.Она што денес го нарекуваме генијално, во тоа време било само обично исполнување на општествените норми.

Тоа секако не значи дека треба сите да имаме коефициент на интелегенција над 150. И не значи дека  сите треба да свириме клавир или да сликаме масло на платно. Тоа е сосема поинаков начин на сваќање на генијалноста.

Но, како точно да ја сватиме генијалноста?

Коренот на зборот гениј е поврзан со зборчето генеза. А тоа доаѓа од грчкиот и латинскиот збор што значи “да се роди” или ” да биде”. Исто така е поврзан и со зборот генијал што значи “радост” или “прослава”. На Средниот исток терминот е поврзан  со зборот џини или волшебна сила која лежи скриена во Аладиновата ламба додека на некој таен начин не биде ослободена од таму.

Кога ќе се комбинираат сите овие зборчиња се добива многу убава и моќна дефиниција на гениј. Тоа значи “да се роди вашата радост”. Во таа смисла, гениј е збор кој се однесува на скриениот потенцијал на секој човек одделно. Тоа исто така го вклучува и процесот на откривање на тој потенцијал и неговото трансформирање во акција.

А првиот чекор кон достигнување на вашата радост е вербата. И сигурноста дека имате поголеми способности одошто сте претпоставувале, И не само што ги имате тие способности, но имате и одговорност да ги развиете и да ги искористите. За да му помогнете на волшебниот дух да прави чуда од вашиот живот.