Search for content, post, videos

Јован Лесански – Со камерата во создавање трајни вредности.

Снимателите се соочуваат со големи предизвици и во воени ситуаци и во мирнодопски. Условите за работа се тешки, но предизвикот да се донесе добра снимка е голем и многу често снимателот со својата камера е на првата борбена линија.

Почетоците поврзани со камерата… Лесански Јован работи во македонската телевизија од 1994 година и како телевизиски снимател веке 24 години се дружи со камерта. Во МТВ почнал да работи волонтерски и да го учи снимателскиот занает, со намера да се запише на Факултетот за драмски уметности – отсек камера, но поради сплет на околности не се запишал, но занаетот го научил. Научил како да биде професионален снимател  и како да ги сними и пренесе настаните во јавноста.

Камерата како професија, како спој… Каква едукација треба за да се биде професионален снимател?  – Професијата телевизиски снимател ЕНГ е занает кој е спој помеѓу практичното и уметноста. Започнав да работам како асистент снимател и занаетот го учев од доајените на македонското телевизиско снимателство Драги Таневски, Владички Димитар –Манаки, Владо Јаневски-Буш, Бошко Ацевски, Ѓоко Поповски – Гањо, Владо Мисајловски Мисо и Диме Пејовски, луѓе сниматели кои имаат зад себе големи проекти, филмови, драми, документарни филмови, спортски настани, самити и големи конференции, но и воени ситуации… За да се работи телевизиски снимател, треба да се има завршено високо образованије… на ФДУ има отсек камера и во поново време на неколку приватни универзитети, но има и друг начин ако занаетот се учи како јас од големите мајстори на телевизиското снимателство. Со тек на време се добива шанса да се покаже наученото во областа на документаристиката или во областа на информативната програма.

Опасностите во професијата телевизиски снимател… – Снимателите се соочуваат со големи предизвици и во воени ситуаци и во мирнодопски. Условите за работа се тешки, но предизвикот да се донесе добра снимка е голем и многу често снимателот со својата камера е на првата борбена линија кога има протести и немири исто сме напред, кога има и природни катастрофи – како поплави и пожари… исто така сме во предните линии. Опасно е, но кога ќе ја донесеш  вистинската видео информација и тоа кога колегата новинар, колегата монтажер, тонец  ќе го склопат во еден солиден прилог, чуството е неописливо и задоволството е големо.

Какви се добрите страни од оваа работа, дали имаш многу патувања низ светот? – Добрите страни на професијата се тоа што ќе запознаеш многу луѓе, ќе оствариш многу контакти, но најважно од се е тоа што создаваш нешто со трајна вредност. Јас снимив документарен филм со колешката новинар Билјана Жеревски за Папата Франциск, при постетата на Македонија, како и неговото евангелското патување во Бугарија, потоа светата миса во Ватикан поветена на посетата во Македонија. Ретко се добива шанса да се помине 5-6 дена со најмоќниот човек во светот, Поглаварот на Римо Католичката црква – Папата Франциск. Инаку сум бил во триесетина различни земји во светот од Индија, Авганистан, Ирак, Катар, Кувајт, Изреал, како и низ многу земји во Европа, Африка, Северна Америка… Убаво и интересно искуство е секое патување, бидејќи ќе видиш многу работи, ќе сликаш многу познати личности, ќе направиш приказна… Патувањата се преубаво искуство.

Која земја најмногу ти оставила впечаток и дали има земји кои ти оставиле добари впечатоци и би сакал да се вратиш повторно? – Секоја земја има посебна убавина. Ние снимателите ги гледаме од поинаква перспектива преку објективот на камерата… снимаш  претседатели, премиери министри… ама и најубавите места во државата во која си отиден на снимање. Пак би се вратил во Канада, на Нијагарините водопади или во Њујорк на Менхетен. Во Шпанија би живеел во лето, а во зимно време во Норвешка во Лилехамер, на пролет во Изреал, а на есен во Египет… Во меѓувреме би одел на викенди во Рим, Ватикан, Лисабон или Телавив, а и во Доха….

Дали запознаваш многу познати личности преку камерата? – Секако дека многу познати личности ми затанале пред камерат и давале изјави и интервјуа, како и на прес коференции. Би ги издвол Папата Франциск, Папата Јован Павел Втори, Хуго Чавез – поранешниот Претседател на Венецуела, израелскиот Премиер Ариел Шарон, првиот македонски Претседател Киро Глигоров, првиот Премиер на независна Македонија – Академик Никола Кљусев, како и многу други познати личности од светот на политиката, науката, филмот, театарот.

Како целата ситуација со пандемијата влијае на оваа професија? – Панденмијата не затвори сите, стравот е голем, целиот свет се затвори и тешко функционира, но се надевам дека доаѓаат подобри времиња за сите нас.

Планови во иднина… Плановите во иднина ми се големи се надевам на некој голем проект од мојата матична куќа МТВ да снимам некоја драма или ТВ серија за возрасни или за деца… Се надевам ќе ја добијам таа шанса, а до тогаш ќе си работам во информативната програма на МТВ1 и на МТВ 2 и во утринската програма… и ќе создавам трајни вредности.

Силвана Јованчева