Search for content, post, videos

Парфемите… ама низ бројки

За парфемот се вели дека е “печат” на секоја жена, одраз на индивидуалноста, дека совршено го надополнува нејзиниот карактер, имиџот… Дали знаете, на пример, зошто некои жени користат машки парфеми, кога е лансиран првиот парфем што се употребува и ден-денес, колку парфеми имаат жените на тоалетното масиче, во просек, кој е најпродаваниот парфем годинава??? Одговорите на овие и на други прашања ќе ги најдете тука… 3.000 миризливи супстанции можат да идентификуваат “составувачите” на парфемите, познати како носови. Имено, тие поседуваат способност за мирисите да ги запаметат лесно, да ги препознаат, да ја замислат комбинацијата и да ја задржат во главата. Некоја состојка може да има и непријатен мирис доколку се открие бргу. Затоа мора да се чува под своевиден штит. “Процената во кој момент треба да се случи нејзиното откривање претставува една од битните особини на секој парфимер”, пишува Roha Douv во книгата The Essence of Perfume.

50 проценти од жените барем еднаш во животот добиле подарок парфем. Три четвртини од нив велат дека не им се допаднал. Секој парфем има 3 ноти, односно слоеви. Горната нота се состои од освежителни ароми на цитруси кои можете да ги почувствувате веднаш откако ќе се намирисате, најмногу 15 минути, а потоа испаруваат. Средната е, всушност, срцето на парфемот и се задржува долго време на кожата. Обично ја чинат цветни ароми, а базичната нота е најтрајна и составена од арома на зачини.

Најјакиот парфем може да трае и да се почувствува 24 часа. Тој е, всушност, четириесетпроцентен екстракт како, на пример, Chanel N° 5 и Guerlain, L’Heure Bleue и Jicky. Парфемите што се продаваат во дуќаните содржат 14 % екстракт и траат до десет часа, а тоалетните води се состојат од 3 до 10 отсто екстракт. Можат да потраат најмногу четири часа. 33 проценти од машките парфеми ги користат жените. Тие ја сакаат нивната сувост и мирисот на ветиверот (вид растение) кој доминира. Цитронот е исто така присутен во машките парфеми, затоа и ги обожаваат. Многу ретко или речиси воопшто не се застапени кај женските. Кога во 1966 година се лансира Диоровиот Eau Sauvage, жените буквално чекаа ред во парфимериите.

Секоја година, во просек, излегуваат 40 парфеми потпишани од ѕвезди. Процената е дека еден од пет купени парфеми го има потписот на некој селебрити, се наведува во The Premium Market Report. 53 години е возраста кога мажите обично им даруваат парфеми на сопругите. Според неодамнешните истражувања, мажите родени во 1955 година се господари на романтичните гестови.

38 милиони долари, толку изнесува досегашната заработка од продажбата на Glow од Џенифер Лопез, откако е лансиран во 2003 година. Мирисите потпишани од ѕвездите не се новина. Одри Хепберн имала свој парфем уште во 1957 година, но масовното лансирање на таканаречените ѕвездени мириси започнало во 1991 година кога се појавил White Diamonds од Елизабет Тејлор.

Од лансирањето на првиот парфем   Jicks на Guerlain поминаа 123 години, и истиот се уште се употребува. “Кога се појави, во 1889 година, мирисот беше шокантен. Ниту една жена не се осмелила да го стави на себе, само неколкумина мажи го сториле тоа”, вели специјалистот за парфеми Roha Douv. “Тогаш луѓето користеле колонски води, а Jicks им бил премногу секси”. 20 години е временскиот период во кој може да се има ексклузивно право врз молекуларната структура на некој парфем. По неговиот истек може да се користи без притоа да се “кршат” авторските права. 2007 година ја одбележаа 881 нови парфеми. 561 од нив беа женски, 227 машки, а 93 унисекс. Рекордот се уште не е урнат. Секоја жена има 6 парфеми на тоалетното масиче во секое време. Такви се резултатите од истражувањата. Бројката е, секако, просечна.

За мирисот да се “вдоми” на вашата кожа, потребни се 30 минути, вели експертот за парфеми Тања Санчез. Ако вие и пријателката се намирисате истовремено, со ист парфем, по неколку минути ќе мирисате различно. Но, за половина час, кога парфемот ќе се смири, разликата ќе биде незначителна. 5 е бројот Што Коко шанел му го дала на својот прв парфем. Се претпоставува дека таа ја избрала петтата комбинација од мириси што Ernest Beauks и ја предложил на Коко. Инаку, петката била нејзина среќна бројка. Секоја жена во просек троши 3.161 евра во текот животот. 212 е името на парфемот што го потпишува Каролина Херера, а Лука Турин и Тања Санчез во PERFUMES The A-Z Guide го обележаа со ѕвездичка, како најдобар. Најголемиот амбер (сивкаста миризлива материја во утробата на китот) досега најден тежел 300 килограми. Се користи во изработката на парфемите.

1.406 евра чини најскапиот парфем кој не може да се најде во ниту една продавница. Шишенцето на No 1 Pure Perfume од Клајв Кристијан е кристално, од 30 милилитри, а капачето е златно, украсено со дијаманти. Кејти Холмс го носеше овој парфем кога се омажи за Том Круз.

2011 година излегоа околу 370 нови парфеми, а 11 веднаш станаа хит. 2012-тата е во знакот на Kelvin Klajn Sheer Beauty, кој  е најпродаван парфем.

Секоја година се “лансираат” нови парфеми.  Oваа 2021 ја обележаа -Aerin Beauty ‘Hibiscus Palm’ by Estée Lauder, Valentino ‘Donna’ Perfume for Women, Tom Ford Private Blend ‘Neroli Portofino  Acqua, Versace ‘Bright Crystal’, Jo Malone London ‘Wood Sage & Sea Salt’, Twilly d’Hermès Eau de Parfum.