Search for content, post, videos

Пченица подготвена во микробранова печка брзо и лесно

 

 Заштедите време и ќе потрошите помалку електрична енергија, а можете да ја приготвите на неколку пати, како што ви одговара.

Вкупното време за готвење во микробранова печка треба да биде околу 25 минути. Сепак, можете да 
направите и паузи, што е важно за оние кои не сакаат да стојат во близина на микрото додека работи.

За почеток, истребете ја пченицата и измијте ја во ладна или млака вода, по можност во неколку води.

Исцедете и ставете ја во тенџере за готвење во микробранова печка. Додадете вода (во сооднос 1: 3)
 и вклучете ја 10 минути. После тоа, целосно затворете го садот и оставете го да стои на топло 
место (може да биде и во печката), во зависност од тоа колку време имате - 10-20 минути. 
За тоа време, житото апсорбира топла вода и процесот на готвење продолжува.

Вклучете ја повторно 10 минути и кога ке се олади за да можете
безбедно да го отворите садот (внимавајте на топла пареа), 
проверете дали зрното е испукано.

Конечно, варете уште 5 минути и оставете на топло место, онолку долго колку што сакате.
Житото ќе биде подготвено, но не преварено.
Состојки:
300 гр пченица  „побела“
300 гр мелени ореви
250 гр шеќер
ванилин шеќер
морско оревче
цимет
Откако пченицата ке биде сварена додадете ги мелените ореви, шеќерот, ванилиниот шеќер, ренданото 
морско оревче и циметот. Се измешајте убаво и послужете.