Search for content, post, videos

Пет  убави рецепти со брокула

Хранете се здраво со убавата и здрава брокула. Пробајте ги следниве вкусни рецепти.

Брокула во сос од сусам – состојки  1кг. брокула, ¼ чаша соја сос, 2 лажички сусамово масло, ½ лажичка мед, 2 големи лажици сусам.

припрема: исецкајте ја брокулата на делови и варете на пареа околу пет минути додека не омекне. Оладете ја. Во големо тенџерче добро измешајте го сусамот, соја сос, сусамовото масло и медот. Додадете ја брокулата и оставете еден час да се маринира. Послужете ја маринираната брокула на листови од зелена салата.

Колачиња од наут и брокула – состојки:  230 гр. брашно од наут, 2 лажички сол, ½ лажичка прашок за пециво, 300 мл. ладна вода, 700 гр. брокула, зачини по желба сол, бибер, вегета, коријандер, лута пиперка

припрема: во голем сад се меша брашното од наут, зачините, и пецивото. Полека се додава ладна вода и се меша со лажица за матење додека не добиете убава смеса. Ставете ги исецканите делови од брокулата во тестото и убаво потпоете се додека тестото не ја покрие брокулата. Вадете ги деловите од брокула и пржете ги во загреано масло. Ставете ги на салфета за да се исцеди маслото и послужете ги топли со ориз и динстан зеленчук.

 Фрапе од брокула –состојки: 1 морков сецкан на парчиња, 4 цветови од брокула, 2оо гр. спанаќ, 1 јаболка сецкана на парчиња, 2 портокали исецкани на парчиња, 2 чаши сок од портокал.

Припрема: сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте три минути додека не добиете убава смеса. Густината на фрапето од брокула прилагодете го на својот вкус користејки сок од портокал.

Динстан зеленчук со зачини – состојки: 1 брокула, 1 карфиол, 5 моркови, масло, вода, зачини: 2 лажички сол, куркума, потоа бибер, коријандер и копар.
припрема: загрејте го маслото и кратко пропржете ги зачините, додадете го морковот исецкан на стапчиња, карфиол и динстајте 5 минути. Додадете ја брокулата и пола чаша вода, поклопете и варете уште 5 минути, повремено промешувајки, се додека зеленчукот не омекне. Додадете сол и куркума. Во динстаниот зеленчук  на крај моѓете да додадете неколку лажици павлака или јогурт. Послужете го топло заедно со ориз.

Салата со брокула и гозје – прелив за салата: 1 чаша индиски орееви, сок од 1 лимон, 2 лажици маслиново масло, ¼ чаша вода, 1 главица кромид (црвен), 2 чешниња лук, 2 лажички кафеав шеќер, сол и бибер. Сите состојки ставете ги во блендер и мелете ги неколку минути додека не се добие убава смеса за прелив.
Салата –
800 гр. брокула, ½ главица црвен кромид ситно сецкан, 1 чаша грозје, 1 чаша сончогледови семки. Промешајте ги сите и прелијте со преливот. Убаво измешајте и уживајте во салатата.

Силвана