Search for content, post, videos

Пет знаци дека сте во “токсична” врска

Многу луѓе во животот се нашле во ситуација да останат во “токсична” врска подолго отколку што би требало. За жал, многумина всушност долго време не можат да согледаат што лошо се случува во нивната врска.

А тоа ги задушува, депримира, едноставно ги уназадува во животот. Прочитајте за петте показатели кои укажуваат дека сте во лоша врска од која би требало да излезете што побрзо…

 

1. Се чувствувате како да не можете ништо да направите правилно

Партнерот постојано ве “спушта” и затоа постојано се чувствувате како да не сте доволно добра. Ја исмева вашата личност и неретко се чувствувате посрамена. Не ве критикува само кога се однесувате во склад со неговите очекувања. Ваквото однесување на партнерот прави да се чувствувате мизерно, ве исцрпува и ви ја одзема волјата за живот.

 

2. Сѐ се врти околу него

Секако, и вие имате чувства, но партнерот воопшто не сака да слушне за нив. Со него, всушност воопшто немате нормална конверзација во која вашето мислење ќе се сослуша и почитува. Наместо тоа, ваквиот партнер се расправа со вас с# додека неговото не биде последно. Токсичниот партнер речиси никогаш не го бара вашето мислење, а и доколку се случи тоа, веднаш ја префрлува темата на себе.

 

3. Никогаш не сте целосно среќна со него

Секој ден носи нов предизвик. Ви делува како партнерот постојано и постојано да наоѓа нов проблем. Се обидува да го контролира вашето однесување, па воедно влијае и врз тоа колку сте среќна. Исто така, токсичниот партнер секогаш се фокусира на негативното за и вие да бидете таква – несреќна и депримирана, но тоа никогаш нема да го признае.

 

4. Не ви е пријатно да бидете она што сте

Не се чувствувате слободна да го искажете своето мислење. Се чувствувате како да мора да глумите за тој да ве прифати. Забележувате дека всушност веќе не се ни препознавате себеси, а тоа го забележуваат и вашите пријатели и семејството.

 

5. Се чувствувате како да не ви е дозволено да напредувате

Кога и да се обидете да се смените и да напредувате, партнерот ве “спушта” со исмевање и прави да се сомневате во себе. Од него никогаш не можете да очекувате поттик или поддршка за вашиот труд. Наместо тоа, тој постојано ве убедува дека никогаш нема да можете да се смените ниту да успеете во животот повеќе отколку тоа што сте во моментот.