Search for content, post, videos

Пијалоците можат да бидат поврзани со ризикот за дијабетес

Пиењето вода наместо засладени пијалоци е поврзано со помал ризик за развој на дијабетесот тип 2, велат научниците од Харвард. Во истражувањето учествувале околу 80000 жени чие здравје било следено 12 години. Во просек, зголеменото дневно конзумирање засладени пијалоци за една чаша доведувало до зголемување на ризикот за заболување од дијабетес тип 2 за 10%. Според податоците собрани во САД, дијабетесот тип 2 ги погаѓа 10% од жените. Во истражувањето е додадено и тоа дека конзумирањето незасладено кафе и чај не е поврзано со оваа појава.