Search for content, post, videos

Пита од јаготки (вишни)

Подготовка:

Просејте го брашното во еден сад и измешајте го со прашокот за пециво, а потоа додајте го путерот студен исечен на ливчиња, шеќерот, ванилиниот шеќер, жолчката и млекото и измесете мазно тесто. Завиткајте во проѕирна фолија и ставете го 30 минути во фрижидер. Во меѓувреме исчистете ги јаготките и исечкајте ги на четвртинки, ставете ги во длабок сад, додајте им го јаворовиот сируп и шеќерот, и убаво измешајте. Составете ги брашното и густинот и посипете врз јаготките, па пак измешајте. Од тестото одделете 1/3 и оставете го на страна. од останатото расукајте кора во големина на тавата во која ќе ја печете питата. Одозгора распоредете го филот од јаготки. 20гр путер исечкајте го на тенки ливчиња и распоредете го врз филот. Од останатото тесто направете лентички и распоредете ги врз питата, редејќи ги вкрстено. На рабовите стиснете посилно за да се залепат убаво за тестото. Ставете да се пече 45 минути на 200 степени. Оставете ја питата да остине па послужете ја, по желба посипана со шеќер во прав.

Потребно:
180гр путер
1 жолчка
120гр шеќер
250гр брашно
на врвот на ножот прашок за пециво
1 ванилин шеќер
2 лажици студено млеко
(за филот)
600-700гр јаготки или вишни
3 лажици јаворов сируп
100гр кафеав шеќер
20гр густин
20гр брашно
20гр путер