Search for content, post, videos

Пита со тиква и јаболка

Подготовка:
1. Тиквата и јаболката измијте ги и изрендајте ги на крупно. Во нив додајте ги ванилиниот шеќер и циметот. Бадемите ситно исечкајте ги и измешајте ги со медот и сокот од лимон за да добиете хомогена смеса.
2. Готовите кори премачкајте ги со малку масло, ставете ги една преку друга, филот распоредете го рамномерно и убаво свиткајте. Ставете ги во тава обложена со хартија за печење, одозгора малку попрскајте ги со вода, посипете ги со кристален шеќер и печете ги на 200 степени додека да заруменат. Питата се служи топла или студена.

 


Потребно:
500 гр рендана тиква
1.5кг јаболка
4 полни лажици мед
1 ванилин шеќер
2-3 кесички цимет
100гр сечкани печени бадеми
2 пакувања готови кори
сок од 1 лимон