Search for content, post, videos

PLACEBO сепак доаѓаат во Скопје

SKOPJE CALLING 2022

СУПЕР МОЌНИТЕ PLACEBO СЕПАК ДОАЃААТ

16.07.2022, СТАДИОН НА АРМ

 

Само неколку дена по објавувањето на (без претерување) една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум – добивме дозвола да го објавиме и овој голем евент.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15-ти октомври во 09 часот наутро по следниве цени и категории:

 

ПАРТЕР: 1500 денари

ФАН ПИТ: 1990 денари (само 1000 влезници во продажба)

Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки.

ВАЖНО: Со објавата за овој концерт, започнува серијата на објави на големи светски имиња за Македонија и регионот за 2022 година!

Бидете живи и здрави и убави како што сте и досега, и останете вклучени на нашите платформи. Се спрема ѓаволски добра година!