Search for content, post, videos

Плажа… ваш одмор или судбина

Тајната на вашето сончање. Знаете ли дека положбата во која се сончате открива многу за вашиот карактер?
1. Ако сакате да лежите на стомак додека се сончате, тоа е знак за вашата повлеченост од реалноста. Но далеку од тоа дека сте недруштвена. Вие едноставно го користите секој миг да отпловите во некој ваш свет и да отсонувате нешто поинакво од она што го гледате.
2. Ако себично го грабате секој сончев зрак за себе и максимално ги игнорирате чадорите за сонце, сигурно за вас многумина велат дека сте сончев фанатик. Но всушност станува збор за премногу самоуверена личност и огромен љубител на забави.
3. Ако седите свиткана и воопшто незаинтересирана ниту за плажата ниту за водата, веројатно сте срамежлив тип. Време е малку да се опуштите ако сакате да го доживеете летото со сета негова убавина.
4. Ако се чувствувате како дома на жешкиот песок и уживате во криковите на децата кои си играат на плажата и се шлапкаат во водата, тогаш вие сте вистинска водна сирена. Вас ве краси ведрост, разиграност и едноставно полна сте со живот.
Тајната на вашиот тен
Начинот на кој го нанесувате средството за сончање може да биде судбоносен за вас…
1. Ако почнувате да се мачкате од десната рака, очекувајте пари.
2. Ако започнувате со левата рака, тогаш ве очекуваат добри вести.
3. Ако започнувате со грбот, ве очекуваат лоши вести.
4. Ако најпрвин го заштитите стомакот, подгответе се за забава, ве очекува интересна понуда.
5. Ако започнете со левата нога, чувајте се од озборување.
6. Ако започнете со десната, ве очекува изненадување.
7. И на крај, ако започнувате со лицето, имате некој таен обожавател кој сака да воспостави контакт со вас.
Тајните на песокот
Дали сте летен уметник? Ако уживате да ја истурате душата со сите нејзини тајни врз песокот знаејќи дека бранот ќе ги избрише и ќе ги однесе во длабочините на водата, тоа не значи дека едноставно си наоѓате занимација. Во песокот вие ја испишувате својата судбина…
1. Строгите куси линии покажуваат дека сте несигурна, а време е да донесете некоја важна одлука.
2. Една куса но длабока линија – ве очекува ново пријателство.
3. Една долга линија – подготвувајте се за далечен пат.
4. Мали конфузни крвчиња – проблеми во љубовта.
5. Круг – ве демне прекрасна романса.
6. Триаголник – ви се отвораат повеќе патишта и среќа.
7. Квадрат – потребна ви е поддршка. Нема да згрешите ако ја побарате од вашите најблиски.
8. Планина – неочекувана добивка.
9. Куќа – стабилност.
10. Стрелка – насочена нагоре-успех и среќа, а надолу-несигурност.